Ризикот од ескалирање на судирот на Блискиот исток е последна во серијата непредвидливи кризи, вклучително ковид-19 пандемијата и војната во Украина, кои изминативе години и зададоа мечкини шамари на глобалната економија, занесувајќи ја од нејзиниот пат и оставајќи и лузни, пишува Њујорк тајмс.
Содржината на пакетот помош што САД и го испраќа на Украина главно дава увид за идните фази од украинските воени операции. Пред почетокот на контраофанзивата пакетот имаше повеќе оклопни возила и други системи неопходни за офанзивата. Новиот пакет, меѓу другото, има ХЕСКО бариери, кои главно имаат дефанзивна намена.
Магазинот Политико во испраќањето на годинава организира и „награди за кои никој нема да дојде да ги земе“, а се однесуваат на некои од најголемите политичари во Европа плус Грета.
Без разлика на последните поевтинувања „времето на евтина електрична енергија е минато“ порачува првиот човек на германскиот регулатор, според кого во претстојните години треба да се очекуваат високи цени за струја.
Неодамна обраќајќи се пред своите генерали Путин ќе изјави „го правиме тоа што сакавме“, дополнително порачувајќи „ако тие сакаат да преговараат, нека си преговараат“. Њујорк тајмс пишува дека и покрај ова, по споредни дипломатски канали, Путин испратил порака дека е подготвен да се договори.
Ембраер легаси 600 авионот на Пригожин, лета околу 30 минути на висина од околу 28.000 стапки, пред да биде активиран експлозивот кој претходно на аеродромот во Москва беше поставен под крилото на авионот. Загинуваат сите 10 луѓе во авионот, вклучително и Пригожин.
Кратко откако Хутите отворија сезона на лов на товарни бродови кои минуваат низ Црвеното море, САД објавија дека собрале поморска коалиција која ќе го брани протокот на стоки преку една од најважните поморски рути во светот. За кратко се покажа дека сојузниците на САД не се подготвени да работат под САД.
Европејците се уплашени од тоа што се случува околу нив и тој страв најверојатно ќе ги натера да фатат на десно, предупредува првиот човек на европската дипломатија Јосеп Борел.
Украинците и Русите во последно време имаат многу малку допирни точки, но една руска телевизиска серија создаде чудна конекција меѓу двата народа. И во двете земји, публиката ја голта серијата, ама и во двете земји, бирократите сакаат да ја забранат. Наша реакција: штом и Украина и Русија сакаат да забранат нешто, тоа мора да се види.
Она што прво беше очигледен проблем во Украина, кога скапата и софистицирана американска воена помош се користеше за одбрана од неспоредливо поевтиното руско (иранско-кинеско) оружје, сега ескалираше откако САД беа присилени да ги пазат бродовите што го минуваат Црвеното море од напади од Хутите.
Во првите месеци од војната и Киев и Москва беа идентично изненадени од тоа колку решително Западот и неговите лидери застанаа зад Украина и колку таа поддршка беше отпорна на сите загуби (главно финансиски) што Западот ги трпеше. По речиси 20 месеци војна, првичната решителност почнува да е заменета од замор.
Откако цел месец го немаше никаде во јавност, кинеската влада кон крајот на јули објави дека го сменила министерот за надворешни работи Чин Ганг. Ова најверојатно се случило по информација што Москва му ја праќа на Пекинг.
Во канцеларија која во иднина се очекува да се користи од првиот човек на украинските вооружени сили, генерал Валериј Залужниј, откриен е „технички уред“ кој можел да служи за прислушување.
По неколкучасовна дебата меѓу украинските лидери околу отворањето преговори со Украина, германскиот канцелар му предложил на Орбан да излезе малку од салата, и ако сака да оди да пие едно кафе.
После нуклеарната катастрофа се веруваше дека тоа ќе остане трајна црна дупка за живот од секаков вид. Но во последните децении, флората и фауната покажаа извонредна виталност за обновување, а на некои видови им оди и подобро отколку кога таму живееја луѓе. Сега прават и алкохоли од локално одгледан мастраф. Не се радиоактивни, освен ако не претераш, ама тогаш сите ракии се радиоактивни.
Американскиот Конгрес изгласа закон кој му забранува на кој било претседател на САД (кхм, Трамп) да ги повлече Соединетите држави од НАТО без дозвола на Сенатот или Конгресот.
Пентагон признава дека американската воена индустрија тешко го одржува ритамот кој го наметнува забревтаната Кина. Велат дека и натаму го прават најдоброто оружје на светот, но не можат да го произведат доволно брзо. Кинезите имаат капацитети кои ги надминуваат не само американските, туку и комбинираното производство на нивните клучни сојузници.
Повеќе од 650 денови по ред, украинскиот претседател има барем по едно обраќање до нацијата во кое ја велича армијата и го слави напредокот што го имаат на фронтот. Пораката секогаш е „напредуваме“ и таа порака е аплицирана на сите нивоа од влада до локални власти, проблемот е што доаѓа со стриктна цензура, по цела вертикала, за лоши вести од фронтот.
Откако им стана јасно дека е сосема можно да секнат западните пари и помош кои го одржуваат функционирањето на украинската држава, украинските политичари разгледуваат начини како да соберат пари за финансирање на ослободувањето на земјата. Главно сè со што располагаат е непопуларно.
Американската Виста аутдор, компанија која под себе има повеќе брендови за оружје и муниција, објави дека планира значително да ги крене цените за муниција заради „очекуваниот глобален недостаток на барут“.
Признавајќи дека украинската контраофанзива пропаднала, секретарот за национална безбедност и одбрана на Украина кој го координира воениот кабинет на таа земја, порача дека учебниците и прирачниците на НАТО се покажале како застарени и треба да заминат во архива. Парите кои Киев ги очекува од Запад не се застарени.
На 15 јуни во конференциска сала во зградата на НАТО во Брисел американскиот министер за одбрана, Остин Лојд, пред сите присутни бара објаснување од украинскиот министер за одбрана околу одлуките што се носат во првите денови од контраофанзивата, и посебно зошто не се користи западната опрема за чистење мини за да се овозможи поголем напад на оклопните единици или да се користи чад за криење на нивниот напредок.