- Неколку часа откако лидерите на ЕУ се договорија да отворат преговори за членство со земјата која е во војна, Виктор Орбан стави вето на финансиската помош на Унијата за Украина.
- Преговорите околу таа помош ќе продолжат следната година а во меѓувреме остануваат блокирани и американските 61 милијарда долари за Украина, поради скепсата на Републиканците околу целисходноста на таа политика.
- Преговори за членство на Украина и Молдавија изгласаа 26 европски лидери додека, договорено, Орбан не присуствуваше на гласањето за одлуката да биде едногласна.
- По поканата за Украина, таканаречените „критериуми“ и „исполнување услови“ никогаш претходно не биле така отворено соголени како фарса.
- После 25 години растење во еден од најјаките музички фестивали во Европа, Егзит се сели од новосадската Петроварадинска тврдина во Египет.
- Во партнерство со светски познатата продуцентска куќа за настани, Venture Lifestyle, организаторите на Егзит потпишале договор за египетска компанија, догодина фестивалот да се одржи на просторот пред египетските пирамиди.
- На ваков чекор се решиле после долгогодишни политиички притисоци во Србија каде беа користени за политички пресметки а им беше укинато и институционaлното финансирање.
- Финска официјално ги извести Обединетите нации дека се повлекува од Конвенцијата од Отава за забрана на противпешадиски мини. Одлуката ќе стапи на сила по шест месеци, во јануари 2026 година.
- Уште четири членки на НАТО - Литванија, Летонија, Естонија и Полска, најавија дека ќе се повлечат од меѓународниот договор за забрана на мини, поради „зголемена воена опасност“ од својот сосед Русија. Украина се повлече и ги користи во војната.
- Финска и Литванија најавија дека од 2026 година ќе почнат домашно производство на мини за сопствени потреби и за да ѝ ги доставуваат на Украина.
- „Финска мора, заради безбедноста на залихите, да има сопствено производство. Тие се многу ефикасно и евтино оружје“, изјави шефот на парламентарниот комитет за одбрана Хеики Ауто. Тој додаде дека Финска имала 1 милион противпешадиски мини пред да ѝ се приклучи на меѓународната конвенција во 2011 година.
- Литванскиот заменик министер за одбрана Каролис Алекса изјави дека неговата земја ќе потроши стотици милиони евра за поттикнување производство на противтенковски и противпешадиски мини.