„Се плашам од стравот, се плашам дека Европејците гласаат затоа што се уплашени. Научно е докажано дека стравот од соочување со непознато и несигурност лачи хормон кој активира безбедносна реакција. Тоа е факт,“ ги објаснил Борел своите очекувања од изборите во јуни.
Процената на Борел е дека главниот страв кој ќе ги сврти Европејците кон десно е миграцијата и осиромашувањето на континентот кое го влоши нивниот животен стандард.
„Имаме инвазија на медиумски свет од закани во кои дознаваме за секојдневни злосторства или војни, и тоа создава хормонална активност управувана од страв.
Страните кои можат да играат со стравот кај луѓето и да понудат лоши одговори на добри прашања можат да привлечат поддршка од европската популација,“ предвидува Борел.
Анализирајќи ја состојбата на Унијата на крајот на 2023 и како двете војни (Украина и Газа) влијаат на неа, Борел изјави дека стравува дека Украина е пред пораз доколку работите не почнат рапидно да се менуваат. Според Борел нема сигнали дека Путин сака да запре, па дури и да се задоволи со договор кој би и дозволил на Русија да ги задржи окупираните територии.
Што се однесува на израелскиот судир, Борел смета дека Хамас не е воена сила туку идеја, „и како таква таа може да се порази со подобри идеи, а не само со бомби“.