Американската одбранбена индустрија мака мачи да постигне брзина и респонсивност за да остане во високотехнолошката трка во вооружување со Кина, предупредува нов извештај на Пентагон.
Како што сега стојат работите, американската одбранбена индустриска база „не поседува капацитет, способност, респонсивност и издржливост потребни за задоволување на целиот опсег на потреби“, се наведува во извештајот до кој стигнал Политико.
Се забележува дека Америка го создава најдоброто оружје во светот, но не може да го произведе доволно брзо. Оваа неусогласеност претставува растечки стратешки ризик особено на Индо-Пацификот, се вели во студијата.
Кина ги помина изминатите 30 години станувајќи глобална индустриска сила во бродоградба, критични минерали и микроелектроника. Кинеската индустрија „далеку го надминува капацитетот не само на САД, туку и на комбинираното производство на клучните европски и азиски сојузници.“
Пандемијата обелодени сериозни системски проблеми во синџирот на снабдување а руската инвазија на Украина и војната во Газа покажаа дека моменталните капацитети не можат да ги задоволат барањата.