Франција, Шпанија и Италија објавија дека се повлекуваат од Операцијата заштитник на напредокот, под образложение дека се подготвени за таква операција но таа да е под команда на НАТО и/или ЕУ, но не и директно под САД.
Како дополнување на ваквото европско чаталење кон главниот гарант на безбедноста на стариот континент, Бајден бил предупреден дека „никој не го сфаќа сериозно“.
Операцијата започна на почетокот од месецов откако Хутите почнаа со напади на бродовите кои патуваат кон Суецкиот канал, како одговор на израелскиот напад на Газа по масакрот од 7 октомври. Бунтовниците, спонзорирани и опремени од Иран, порачаа дека нападите нема да престанат се додека Израел не се повлече.
Во една анализа што ја објавува Вол стрит журнал, се заклучува дека американските поморски капацитети за одвраќање (заплашување) на непријателот веќе се недоволни и неадекватни. Па така Форд ударната група во источниот Медитеран и Ајзенхауер ударната група во Аденскиот залив „треба да се доволни за намалување на агресивните активности од непријателите на САД, но наместо тоа Иран всушност нападна американски бродови и сојузници.“
Анализата на Сагамор институтот покажала дека иако американската морнарица има „доминантно присуство“, нејзината способност за одржување на слободни мориња постојано се намалува.
„Ова ќе има огромни негативни импликации на глобалниот економски систем, кој зависи од отворените мориња за транспорт на 80% од 100 илјади милијарди долари вредниот глобален БДП,“ пишува Вол стрит журнал.
Процената на Вол стрит журнал е дека не се работи исклучиво за техничко назадување на американските поморски капацитети, туку во прашање е и тоа што за време на владеењето на Бајден САД претрпеа повеќе дипломатски неуспеси (Авганистан, Украина, Блискиот исток) „што ја намалува волноста на Американците да се борат и прикажа слабо лидерство и стратегија пред непријателите на државата. Исто така очигледно е дека Вашингтон не ги одржувал своите борбени капацитети.“
Џон Конрад е автор, поранешен капетан и поморски новинар. Тој има своја анализа на американскиот неуспех во Црвеното море: