Потрошувачите нема да видат ќар од падот на големопродажните цени, објаснува претседателот на Бнетза, Клаус Милер, според кого „времето на евтина енергија е минато се додека продолжуваме да користиме големи количини на конвенционално добиена енергија.“
Милер објаснува дека и покрај поевтинувањето цената и понатаму држи над сумата пред руската инвазија на Украина.
За него е оправдана и одлуката на германската влада за укинување на субвенциите за струја во буџетот за 2024, бидејќи иако тоа е тешка одлука, сепак „не можеш да заштедиш пари (во буџетот) без тоа да влијае на нешто.“
Заради укинувањето на субвенцијата од 5,5 милијарди евра, просечно 4-члено германско семејство ќе треба годинава да плати 120 евра повеќе надомест за пренос на струја. Токму високиот трошок што се наплаќа за пренос на струја е една од причините зошто струјата во Германија е толку скапа.