Белорусинот Александар Хлеб ни донесе прилично лесна група, што со новиот систем на УЕФА која ги подели селекциите според рангирањето, беше за очекување. Едноставно МОРА да одиме на фајнал фор.
Во 4 од 5 Топ лиги во Европа сè е решено, само во Италија има интрига. Во останатиот дел од Европа, интересна пролет ќе има во Полска, Русија, Турција, Грција. Македонец има шанса да стане дел од историјата на Спортинг.
Ждрепката за Лигата на нации на УЕФА ќе се одржи на 24. јануари во Лозана од 12 часот кога Македонија ќе ги дознае датумите на одигрување и противниците.
Со вчерашната победа од 2:0 против Фрајбург, Баерн Минхен на коло пред крајот од полусезоната има 42 бода, 12 повеќе од Волсфбург. Тимот на Пеп Гвардиола на 16 натпревари есенва прими само 3 гола и со тоа стана рекордер во Бундес лигата.
Во Киев, по натпреварот Днипро и Сент Етјен од последното коло во Лигата на Европа повредени се 12 навивачи на францускиот клуб кои запалија украинско знаме. Во исто време, во Загреб навивачите на Селтик се степаа со хрватската полиција која фрлаше солзавец.
На денешната ждрепка во Париз, македонската кошаркарска репрезентација доби посакувани противници, а натпреварите од групната фаза на Еврошампионатот ќе ги игра во Загреб.
Без да се навлегува во тоа каде на крај завршуваат парите, од почетокот на владеењето на Путин во 2000-та, до сега руската економија е порасната за 8 пати.
Лидерот на отцепениот Луханск го повика украинскиот претседател на двобој. Баш како во времето на Пушкин, да се најдат в зори а му остави и да бира оружје. Има и модерен апдејт: не му пречи да дојдат и телевизии.
УЕФА удри парично по Украина, поради навредливите транспаренти и употреба на пиротехника за време на квалификацискиот дуел со нашата селекција на 12 септември.
Пет селекторски смени, бод на Сан Марино, победа на Фарски Острови, прекинати натпревари и навивачки нереди го одбележија првиот дел од квалификациите за пласман на ЕП 2016 во Франција.
Македонската фудбалска репрезентација го претрпе третиот пораз во квалификациите за ЕП 2016, вкупно петти од Словачка во досегашните седум меѓусебни дуели. Со головите на Адам Немец и Јурај Кучка, Словачка и натаму е на прво место во групата со максимален ефект.
Фудбалската репрезентација на нашата земја ги игра 6-те квалификации за Европското првенство. Вечерва во Скопје гостува Словачка, првопласираната селекција во нашата група.
Бекот на македонската фудбалска репрезентација поминал низ тешки кризи и се калел во четири италијански клубови за на 22 години да заигра во Серија А. Хамшик и Игуаин ги запознал на гости кај Пандев, а за словачкиот репрезентативец вели дека треба двајца чувари.
И покрај инцидентот на денешниот тренинг и отстранувањето на двајца репрезентативци од националниот тим, Бошко Ѓуровски е расположен пред тешкиот квалификациски натпревар против Словачка.
"Џабе см'кнавме гаќа заради православните браќа," разочарано резимираат e - новине по последното истражување на политичките симпатии на Русите во кои меѓу пријателите на Русија ги нема Србите; нас па ич.
Цената на нафтата и натаму паѓа, само оваа година е спуштена за 20 проценти. Дали тоа САД и Саудиска Арабија се обидуваат да го клекнат Путин како што во времето на Роналд Реган го банкротираа Советскиот Сојуз?
Во Баку го имаме Карас со кој муабетевме додека беше дел од Лудогорец. Таму е и Славчо Георгиевски, а во истиот град веќе четврта сезона настапува Муарем Муарем. Поради воен конфликт на границата со Ерменија, неговиот клуб веќе две децении е принуден да игра само како гостин. Синоќа во Украина беше клучен играч во победата.
Целата работа звучи како почеток на шпионски трилер - ЦЕО-то на Тотал загинува при заминување од Москва, каде што бил на состанок со Медведев во неговата дача, и каде разговарале за инвестиции и случувањата во Украина. Сведоштвото на одговорниот за несреќата воопшто не го менува почетниот впечаток.
Украина беше за Путин, тоа што Аустерлиц беше за Наполеон, и падот на Париз за Хитлер, моментот кога конечно се' беше централизирано во неговите раце, објаснува поранешниот полски министер за надворешни работи, Радек Сикорски.