Само еден ден по инцидентите во Барселона, каде еден навивач на ПСЖ беше избоден со нож, слични сценарија имаше и во Украина и Хрватска.
Навивачите на Сент Етјен кој во Киев отпатуваа да го бодрат клубот во одлучувачкиот дуел против Днипро вееле руски знамиња и запалиле едно украинско знаме за време на мечот. Како што пренесе локалната ТВ станица Хромадска, тоа било повод да реагираат навивачите на Днипро кои ги нападнале по натпреварот и повредиле 12 гостински навивачи.
„Масовната тепачка се случи на улицата Прозирна во Киев. Имаше многу ранети, а неколку навивачи беа избодени со нож. Луѓето со француските обележја беа крвави и од ударите со палки. Киев не памети вакви навивачки судири“, изјавил очевидец на целиот инцидент.
Се огласи и портпаролот на украинското МВР, Антон Герашенко кој изјавил дека тројца француски навивачи се задржани во болница во Киев, а имало и повредени навивачи на домашниот клуб.
„Постапката ќе биде отворена и против француските и против украинските навивачи, иако уште не сме утврдиле како започнала тепачката“, изјави Герашенко
Во исто време, во Загреб играа Динамо и Селтик, каде Шкотите ја искористија приликата да избегнат од нивните остри закони и запалија неколку бакљи, фрлаа петарди и се степаа со хрватската полиција која употреби солзавец да ги смири.
Брканици со полиција имаше и во Лиеж (Белгија), каде играа Стандард и Феенорд Ротердам: