Бошко Ѓуровски за четвртиот квалификациски дуел за ЕП 2016 кој го играме на 15 ноември на „Филип Втори" во составот ги врати младиот талент на Барселона, Давид Бабунски, и членот на Мелбурн Виктори, Даниел Георгиевски кој претходно беше стандарден во првиот тим.
„Бабунски го имав на располагање на турнејата во Австрија и Италија и тогаш не бев задоволен од неговите игри. Го гледав сега против Романија и покажа одредени квалитети. Тој е млад играч кој уште треба да работи и ова му е еден вид на награда за настапот што го покажа на пријателската средба против Романија. Тој има огромен потенцијал и од него очекуваме многу во иднина. Инаку Георгиевски е стандарден во Мелбурн на левата бековска позиција и сигурно ќе ни биде од корист", изјави селекторот Ѓуровски.
Селекцијата на Словачка по првите три кола има максимален ефект од 9 бодови, Шпанија и Украина имаат по 6, Македонија е четврта со 3, а последни се Белорусија и Луксемурб со по еден бод.
Не очекува меч против репрезентација која игра извонреден напаѓачки фудбал. Можеби на тие три средби не играа многу атрактивно, но беа ефикасни, дисциплинирани и беа опасни од контри. Најмногу се издвојуваат Хамшик, Вајс и Роберт Мак, а слаба точка им е одбраната. Имаме време да работиме и да им ги искористиме слабостите", рече Ѓуровски.
Повикани играчи за мечот против Словачка:
Голмани: Томе Пачовски (Мехелен, Белгија), Мартин Богатинов (Ермис, Кипар)
Одбрана: Стефан Ристовски (Парма, Италија), Даниел Георгиевски (Мелбурн, Австралија), Даниел Мојсов (Бран, Норвешка), Ванче Шиков (Австрија В., Австрија), Езгијан Алијоски (Шафхаузен, Швајцарија), Александар Дамчевски (НАЦ Бреда, Холандија)
Среден ред: Аријан Адеми (Динамо З, Хрватска), Никола Глигоров (Вардар), Мухамед Демири (Ст. Гален, Швајцарија), Александар Трајковски (Цулте Варегем, Белгија), Давид Бабунски (Барселона Б, Шпанија), Аце Стојков (Работнички)
Напад: Адис Јаховиќ (Крилја Советов, Русија), Јован Костовски (Леувен, Белгија), Бесарт Абдурахими (Локерен, Белгија), Агим Ибраими (Марибор, Словенија), Крсте Велкоски (Сараево, БиХ), Мирко Ивановски (Клуж, Романија)