Ретко која екипа доминира во домашното првенство како Баерн Минхен, кој вчера упати 31 шут кон голот на Фрајбург во натпревар во кој Мануел Нојер играше речиси како стопер, а гостите шутнаа на неговиот гол дури во 75. минута.
Скоро и да не пројде недела, а Баерн Минхен да не постави некој рекорд во домашните натпреварувања. Робен вчера го постигна 100. гол на 184. натпревар во дресот на Баерн Минхен, а Томас Милер го постави конечниот резултат 2:0 против Фрајбург.
Од можните 48 бодови, Баерн Минхен освои 42 и во моментов има 12 бодови предност во однос на Волфсбург кој вечерва го игра својот натпревар од претпоследното коло во Бундес лигата. Баварците во последното коло, во петок му гостуваат на Мајнц и потоа се на одмор до 31. јануари кога почнува втората полусезона во Германија.
Освен што имаат најефикасен напад во Бундес лигата со 39 голови на 16 натпревари, избраниците на Пеп Гвардиола имаат и гранитна одбрана која прими само 3 гола и така постави нов рекорд во лигата. Доказ за доминацијата на Баерн е и сè почестото излегување на Нојер надвор од голманскиот простор, како последен играч во одбраната. Со десниот бек Рафиња во тимот, Баерн Минхен не примил гол 1.106 минути, што е нов рекорд во Бундеслигата. Претходно со капитенот Михаел Балак, Баерн Минхен го држеше затворен голот на 1.099 минути.
Тика-таката на Гвардиола успешно функционира во германскиот состав, кој сезонава има околу 612 додавања во просек на натпревар, учинок поголем од било која друга екипа во Европа.
Покрај Рафиња и Чаби Алонсо сезонава постави рекорд, од 1.320 успешни додавања, повеќе од било кој играч во Англија, Шпанија, Франција, Германија и Италија. Тогаш, кои рекорди му остануваат на Баерн за вториот дел од сезоната следната година? Ако го победат Мајнц во петок, Баварците ќе имаат вкупно 45 поени или 2 помалку од минатата година во ова време.
Рекордот на освоени бодови Баерн Минхен го држи од сезоната 2012/13, кога ја освои титулата со 91 освоен бод. За да го надминат тој учинок, ќе им треба победа на секој натпревар после Божиќните празници. Во Лигата на шампионите, Баерн Минхен ќе игра против Шахтјор Донетцк. Првиот натпревар е на 17. февруари, во Украина, а реваншот 2 недели подоцна во Минхен.