Македонија ќе биде дел од групата Ц и силите на Европското првенство иднината година ќе ги одмери со Хрватска, Словенија, Грција, Грузија и Холандија, а хрватската престолнина е најдобрата опција за што поголем број македонски навивачи.
Пласман во следната фаза ќе обезбедат најдобрите четири репрезентации од секоја група, а нокаут фазата ќе се игра во Лил.
Ова е прво кошаркарско континентално натпреварување кое ќе се игра во четири земји, а стартот е закажан за 5 септември 2015 година.
Група А (Монпеље): Франција, Финска, БиХ, Полска, Израел, Русија.
Група Б (Берлин): Шпанија, Србија, Германија, Турција, Исланд.
Група Ц (Загреб): Хрватска, Словенија, Грција, Македонија, Грузија, Холандија.
Група Д (Рига): Литванија, Украина, Летонија, Белгија, Чешка, Естонија