Македонија низ квалификациите за ЕП

Фудбалската репрезентација на нашата земја ги игра 6-те квалификации за Европското првенство. Вечерва во Скопје гостува Словачка, првопласираната селекција во нашата група.

Првиот гол за македонската фудбалска репрезентација го постигна Зоран Бошковски, во пријателскиот натпревар против Словенија на гости na 13. oктомври 1993-та година. Македонија тогаш победи 1:4 во Крањ. На листата најдобри стрелци во репрезентацијата прв е Горан Пандев со 26 погодоци, а најмногу настапи (100 натпревари) за македонската фудбалска репрезентација има Гоце Седлоски.
 
Нашите фудбалери во 1996. година за прв пат учествуваа во квалификации за ЕП. Во група со Шпанија, Данска, Белгија, Кипар и Ерменија, Македонија играше за пласман на ЕП во Англија.
 
Отворивме со реми против Данска 1:1 а стрелец на првиот гол на еден официјален натпревар за Македонија беше Митко Стојковски во 4' минута. Данците израмнија на 3 минути пред крајот преку Флеминг Поулсен. Дебитантскиот настап во тие квалификации го завршивме на четвртото место со 7 бода од 10 натпревари. Зад нас беа Кипар и Ерменија, а пласман во Англија обезбедија Шпанија и Данска.  Во тие квалификации најдобар стрелец во нашиот состав беше сегашниот селектор Бошко Ѓуровски со 3 гола.
 
Митко Стојковски и преполниот Градски
 
Следуваше „балканската“ група за Евро 2000 во Белгија и Холандија, кога во конкуренција со тогашна Југославија, Република Ирска, Хрватска и Малта, Македонија заврши претпоследна со 8 бодови. Ја совладавме Малта 4:0 дома и 1:2 на гости, а ремизиравме со идентични 1:1 против Хрватска и Република Ирска во Скопје. Пласман на ЕП обезбеди Југославија како првопласирана.
 
Голот на Ставревски во 93'-та минута после кој Ирците се простија од пласман за ЕП 2000:
 
Послаб пласман имавме во квалификациите за ЕП 2004. во Португалија. Само една победа, три ремија и 4 порази во група со Англија, Турција, Словачка и Лихтенштајн. Шест бодови со гол разлика 11:14 за македонските фудбалери во тие квалификации, од кои Англија како прва се пласираше на ЕП, а Турција обезбеди бараж.
 
Легендарниот гол на Артим Шаќири против Англија од корнер и головите на Бекам и Смит:
 
За пласман на ЕП 2008 во Австрија и Швајцарија бевме во група составена од 7 екипи: Хрватска, Русија, Англија, Израел, Естонија и Андора и освоивме највисоки 14 бода во историјата на нашата репрезентација. Ти квалификации ги завршивме на петтото место со 4 победи, 2 нерешени и 6 порази и гол разлика 20:12.

Победата против Хрватска во Скопје: 
 
Неуспешен беше и последниот обид во 2012. година да играме на едно Европско првенство. Како и во актуелната група, така и тогаш ривали ни беа Словаците, а освен нив игравме и против Русија, Р. Ирска, Ерменија и Андора. Во тие квалификации зад нас беше само Андора без освоен бод. Македонските фудбалери тогаш освоија 8 бода на 10 натпревари. Имавме 2 победи, 2 нерешени и дури 6 порази, со гол разлика 8:14.
 
Поразот од Русија на Градски:
 
 
Новиот формат на квалификации, предвидени за ЕП 2016 година овозможува 2 селекции директно да се пласираат, а трето пласираната да игра бараж. Во актуелната Група Ц, по 3 одиграни натпревари освоивме 3 бода. Загубивме од Шпанија 5:1 и Украина 1:0 на гости, а го победивме Луксембург 3:2 во Скопје.

Триумфот против Луксембург на „Филип II Арена“:
 
Квалификации за ЕП 2016
 
Група Ц: 
Словачка 9
Шпанија 6
Украина 6
Македонија 3
Белорусија 1
Луксембург 1
 
Вечерва со почеток од 20:45 се играат натпреварите: Луксембург - Украина, Шпанија - Белорусија и Македонија - Словачка.
15 ноември 2014 - 14:11