На крајот од јануари во четири од пет главни европски лиги практични не остана никаков прашалник околу шампионската трка. Борбата за влез во Лига на шампиони и Лига Европа, како и битката за опстанок е единствено интересно.
Ако сакате да следите непредвидлива трка за шампионска титула, вие до крај на сезоната треба да гледате Серија А или некои други првенства.
- Во Германија Баерн Минхен после 19 кола им бега на Баер Леверкузен и Шалке цели 16 бодови и тоа е рекорд на Бундеслигата во една етапа од сезоната (од кога во фудбалот се бројат три бода). До крајот има уште 15 кола.
- Во Англија Манчестер Сити на Гвардиола е на 12 бода дистанца од Манчестер Јунајтед на Мурињо: поразот во предминатото коло од Ливерпул малку фрли искри врз враќање на шампионската интрига во Премиер лига. Тука гигантите ќе се бркаат за европкуповите а другите екипи за опстанок. Има уште 14 кола до крајот.
- Во Шпанија Барселона минатата недела изгуби од Еспањол во Купот (прв пораз од градскиот ривал на негов стадион после повеќе од 10 години), но во Примера немаат пораз (17-3-0) и му бегаат на Атлетико Мадрид 11 бода а на Реал неверојатни 19! Борба таму веќе нема.
- Во Франција ПСЖ минатиот викенд изгуби во големото дерби со Лион (2-1 во 93’ минута), но и покрај тоа бодовната разлика пред ривалите им остана на минимум 8 бода. До крајот остануваат уште 16 кола.
- Во Италија првпат после многу години има борба: Наполи на Маурицио Сари е решен да го активира Везув и да прослави големо скудето во Неапол по 7-годишната хегемонија на Јувентус. Во Серија А има уште 17 кола.
- Во Русија остануваат да се одиграат уште 10 кола од втората полусезона. Локомотив Москва има 45 бода, Зенит и Спартак Москва по 37 бода, Краснодар 36 а ЦСКА 35.
- Во Украина, Шахтјор изгуби два од последните четири меча и му дозволи на Киев да ги надомести изгубените бодови и разликата. Во Украина екипите после двете полусезони се делат на две групи по шест тима и играат уште по 10 меча. Ќе биде интересно да се види кој ќе заврши прв. Остануваат уште 3+10 кола.
Најинтересно и најнеизвесно во Европа е во Португалија, Турција, Полска и Грција.
- Во Португалија трите традиционални фаворити за титулата се на само 2 бода еден од друг. Порто и Спортинг не изгубија ниеднаш сезонава, а неверојатно звучи фактот дека во оваа лига во 17 од 18 екипи работат португалски тренери. 18-от, Авеш, го тренира Лито Видигал од Ангола кој целата кариера ја минал во Португалија. Овде остануваат уште 15 кола.
- Во Турција лидери се 4 клуба од Истанбул: Истанбул Башакшехир кој ги има позајмениот од Барселона Арда Туран, Адебајор, Клиши, Епуреану и Емре Белозоглу. Овој тим сака да ја освои првата титула во клупската историја. За тоа ќе им треба многу напор зошто во силна форма играат Галатасарај, Бешикташ и Фенербахче. Остануваат уште 16 кола.
- Во Полска е многу интересно: првите 4 тима ги делат 2 бода, а првите 9 - 8 бода. Притоа, во април, по завршувањето на двокружниот турнир, екипите (како во Украина) се делат на две групи по 8 тима и играат уште по 7 меча во еден круг (не како во Украина). Првата група ќе го одлучи шампионот и учесниците во еврокуповите, а втората кој ќе испаѓа во втора лига. Остануваат уште 9+7 кола.
- Сезоната во Грција е многу интересна зошто првпат уште од 2010-та година Олимпијакос не е осамен на врвот. Клубот од Пиреја смени дури четири тренери сезонава (во јануари екипата ја презеде Шпанецот Оскар Гарсија). Во грчката Супер лига остануваат уште 12 кола.
- Во Бугарија после неколку години апсолутна доминација, Лудогорец сега има сериозен ривал во препородениот ЦСКА Софија. Бодовната разлика е само еден бод (48-47). Левски е трет со 39 бода. Првенството кај нашиот сосед продолжува на 18. февруари.