Русијагејт беше клучниот криптонит против Доналд Трамп а јавноста беше системски бомбардирана со сомнежи дека Трамп и Кремљ се ујдисани. Откако Трамп беше детронизиран, клопчето се одмотува и се доаѓа до изворот на аферата- високи кругови во Демократската партија.
Доналд Трамп им беше архи-непријател ама леб вадеа од него. Кабелската мрежа која бележеше рекордна гледаност во ерата на Трамп и непосредно после изборите, сега, без него на нишан, има изгубено половина публика и не може да добаци ни до милион гледачи.
Во истото интервју во кое кажува дека за 9 месеци ја создал вакцината, Трамп ја повика Кина да плати репарации на секоја држава на планетава заради вирусот кој настанал во Вухан.
Уште од старт предупредувањата беа дека обвинувањата за соработка со Русија се без основа ама тогашниот анти-Трамп фронт не сакаше ни да чуе за тоа. Сега кога им е јасно, не сакаат ни да чујат за признавање на сопствената улога во ширењето на оваа лага.
Не станува збор за библиотека со книги, туку со значајни документи поврзани со претседателскиот мандат. Американските претседатели оваа традиција, воспоставена во 1930-тите, ја сфаќаат сериозно и почнуваат да се подготвуваат многу порано пред заминувањето. Трамп, изгледа, беше затечен.
Вработените во неговиот хотел во Вашингтон имале „упатство за работа“ во која прецизно биле опишани седум чекори низ кои треба да мине омилената пијачка на Трамп за да дојде до неговата уста.
Иако застапник на ставот дека големите технолошки компании треба да преземаат мерки за елиминирање на „дезинформациите“ на нивните платформи, Бил Гејтс верува дека протерувањето на Трамп од Твитер не е соодветно, и дека треба да се зборува за тоа.
Доналд Трамп има дадено најмалку 22 интервјуа за 17 различни книги од моментот кога излезе од Белата куќа, и уште има автори што чекаат на ред за разговор.
За време на неговиот четиригодишен мандат во Белата куќа, личното богатство на Доналд Трамп доживува стрмоглав пад. Човекот сега тежи 700 милиони долари помалку отколку пред да дојде на функција. Ви текнува ли на некој наш кој не-ко-гаш излегол од политика со помалку пари отколку што влегол? Да, глупости прашуваме.
Трамп се покажа како кукавица а неговите приврзаници, ако навистина им е до каузата, би требалко да гласаат за Сандерс, оценува словенечкиот филозоф. „Да се надеваме дека она што се случи на шести јануари во Вашингтон ќе стави крај барем на бесрамното испраќање американски набљудувачи на избори во други земји за да ја оценуваат нивната правичност“, порачува Славој Жижек.
Уште неколку месеци светот ќе биде лишен од Трамп, меѓутоа кога ќе се врати во јавноста тоа ќе биде преку негова социјална мрежа, тврди портпаролот на поранешниот американски претседател.
Главната болка е Твитер, ама зад него „ред се редат“ кој од кој од глобалните технолошки гиганти, а освен простор за галамење, Трамп директно почна да губи и пари.
Основачот на Викиликс не влезе ни во последната листа на помилувања која Доналд Трамп ја достави за извршување пред да ја напушти функцијаta. Помилувани се советници, донатори, рапери, но не и Џулијан Асанж. Помилување не доби ни нашиот Тајгер Кинг.
Тужбата на Амазон во која се тврди дека пристрасноста на Трамп е причина зошто тие го изгубиле 10 милијарди долари тешкиот тендер за Пентагон, ја мина и последната пречка за да може да влезе во суд.
Ова видео е и ќе остане во историјата како клучен запис кој на идните генерации најсовршено ќе им го долови поразот на Трамп на изборите 2020 и како основите на теоријата на интерсекционалност им ги отворија очите на гласачите на Трамп од срцето на работничка Америка, да согледаат дека постојано се лажени од некогашниот претседател.
Нормално дека нема, ама муабетот доаѓа од луѓе кои ги има во доволен број и кои се доволно неразумни за да можеш што било да им објасниш, па макар тоа било и дека нема шанси Доналд Трамп на 4 март да инаугуриран за претседател на САД.
Кога Доналд Трамп еднострано го откажа договорот со Иран и на таа земја ѝ зачука нови санкции, неговите политички противници тоа бучно и едногласно го оценија како опасен, погрешен и безумен потег на лудиот американски претседател. Нормалниот Бајден сега вели дека нема да ги дигне санкциите.
Иако сите телевизиски мрежи уште се во длабок минус со публика во споредба со „златното време“ на Трамп, Фокс сепак успева да собере најбројна публика меѓу најголемите новински телевизиски мрежи.
Ова видео од сослушување на Трамп за случајот кога тој и неговиот универзитет беа осомничени за измама, е најавено како доказ колкав е тоа лажов и неранимајко. Меѓутоа, истовремено ќе видите каков тупаџија е тоа иследникот! Некој од нас, во некој момент, сигурно би му рекол: Дај бе дечко, скини ми се скурца.
Само од Трамп зависи дали пак ќе се кандидира во 2024, бидејќи ако реши Републиканската партија нема да има ниту против, ниту како да го запре, порачува Мит Ромни.
Под наслов кој личи како да е напишан со многу адвокатски надзор „Документите од Кремљ изгледа дека го покажуваат планот на Путин да го стави Трамп во Белата куќа,“ Гардијан објавува дека стигнал до документи кои покажуваат дека Русија водела операција за мешање во американската демократија.
Може Меркел е алергична на сè што е поврзано со Трамп, ама тоа некако не важи и за терапијата која за неколку дена го крена поранешниот американски претседател од ковид-19 и го врати назад во претседателската кампања.
Злонамерниците ќе се обидат да ги заобиколат образованието, интелигенцијата, амбициозноста и искуството на брачниот пар Иванка и Џаред кога ќе ги дискутираат 640-те милиони што ги заработиле за време на претседателскиот мандат на Трамп, и нема да згрешат.
Во рафалното укинување на одлуките на претходниот претседател, Бајден беше крајно внимателен која од извршните наредби на Трамп што спречува влегување на мигранти во САД или дозволува нивно депортирање во Мексико ќе му заврши под пенкалото.
На најновите сондажи на јавното мислење во оваа сојузна држава, Доналд Трамп забележал рекорден рејтинг. Денес тој има 53% поддршка, колку што немал во ниеден момент на неговото претседателствување.