Сумата која Трамп проценува дека треба да се плати е 60 илјади милијарди долари, што според него Кина секако ги нема, заради што ќе мора да најде начин како тие пари да му ги надомести на светот.
За него потеклото на вирусот „е толку очигледен“ и тој доаѓа од лабораторијата во Вухан.
Трамп ја присвојува вакцината по основа дека кога бил тој претседател сите противници тврделе дека нема да се вакцинираат со вакцина произведена од Трамп. Па сега Трамп зборува како наместо за 5 до 12 години, тој успеал да создаде вакцина за 9 месеци, која Бајден ја примил уште недојден на функција.
За повлекувањето од Авганистан, Трамп раскажува дека неговиот план бил да се бомбардираат 5 од 6-те аеродроми во земјата, и да се остави базата и аеродромот во Баграм, каде би оставил и американски сили бидејќи е вонсериски квалитетно направена и се наоѓа на само 1 час од локацијата на која Кина произведува нуклеарно оружје.
Без разлика на тоа што го зборува за Кина и дека Џинпинг е убиец, Трамп сепак не би ја бојкотирал Олимпијадата во Пекинг бидејќи тоа прави САД да изгледаат како „губитници“.