Тендерот во ЈЕДИ (Joint Enterprise Defense Infrastructure) до доби Микрософт, а Амазон тврди дека во тоа значителен удел имала одбивноста на Доналд Трамп кон ЦЕО-то на Амазон, Џеф Безос.
Одлуката на федералната судијка значи дека Амазон сега може пред суд да тврди дека лично Трамп и поранешниот секретар за одбрана Џим Матис треба да сведочат. Претходно беше побарано случајот целосно да се отфрли.
Микрософт беше прогласен за победник на тендерот во октомври 2019, и уште тогаш Амазон поднесе жалба тврдејќи дека претседателот Трамп извршил притисок врз владата за да го одберат Микрософт.
Трамп и Безос се судираат заради намерата на Трамп да ја крене цената на услугата што државната пошта и ја наплаќа на Амазон за испораката на пакетите. Потоа Трамп го обвини Вашингтон пост, купен од Безос, дека во известувањето тера политички агенди на најбогатиот човек на светот.
Главен аргумент на Амазон за влијанието на Трамп е неговиот коментар до министерот за одбрана Матис „батали го Амазон“, на што Матис наводно одговорил „нема да го сториме тоа, целата работа ќе биде завршена по закон, и легално и етички“.