Помина уште еден, можеме слободно да кажеме глуп и
бесмислен Ол-Стар. Овојпат во нов формат, комесарот на НБА Адам Силвер и неговите соработници пробаа нов експеримент со цел да го вратат некогашниот огромен глобален интерес за Ол-стар, но залудно. Пред мечот Никола Јокиќ кој беше во тимот биран од Чарлс Баркли, заедно со Французинот Вембањама, во соблекувална се чудел кога видел дека играчот на Сан Антонио Спарс си донел книга да чита на големиот настан во Сан Франциско.