Прво забивање на Стеф Кари после цели 6 години

Четирикратниот НБА шампион и двократен МВП на лигата и еднаш на НБА финалето, Стеф Кари важи за најдобриот шутер кој некогаш играл во најдобрата светска лига. Тој синоќа во поразот на неговиот тим од Филаделфија Севентисиксерс 126:119 постигна 29 поени и 13 асистенции.

 Во еден момент и заби а такво нешто ретко прави.

Натпреварот на кој Филаделфија прекина долга серија од 9 порази по ред, го одбележа 24-годишниот Квентин Грајмс кој постигна страшни 44 поени со 6 скока и една асистенција за 37 минути. Ова бил и личен рекорд во НБА кариерата на кошаркарот на Филаделфија. 

2 март 2025 - 09:19