Стеф Кари ја прекина серијата на Сан Антонио Спарс од три победи. Кари имаше 13/25 од игра, 5/16 за три, 15/16 од слободни фрлања.
Џими Батлер постигна 28 поени (7/12 од игра, 5/7 за три), со осум асистенции и шест скока, а Мозес Муди даде 19 поени.
Во поразениот состав двајца играчи забележија трипл-дабл учинок. Лидерот Виктор Вембанјама стигна до 31 поен со 15 скока и 10 асистенции а Стефон Касл зад своето конто имаше 23 поени, 10 скока и 10 асистенции.