Никс повторно го урна силниот Бостон за 3-1, Голден Стејт Вориорс е пред испаѓање

Во ноќта меѓу понеделник и вторник се одиграа два полуфинални натпревари од Истокот во НБА доигрувањето за титула. Њујорк Никс славеше голема победа против Бостон Селтикс 121:113 и сега води со 3-1 во триумфи во серијата и е пред праг на пласман во големо конференциско финале. Исто е и со Минесота против Голден Стејт Ворирос.

Бостон Селтикс по почетните два големи удари кој ги претрпе во својот „ТД Гарден“, успеа да возврати на гости во „Медисон Сквер Гарден“, да намали на 2-1 во серијата но Никс синоќа повторно ги израдуваа своите навивачи со нова победа.

Иако Селтикс на паузата имаа голема предност (52:63) па во трета четвртина имаа и максимални +14 сепак Њујорк Никс по којзнае кој пат во серијава се враќаа од голема негатива и на крајот заслужено слават.

Брансон беше прв стрелец со 39 поени, пет скока и дури 12 асистенции а одлична вечер имаа уште и Бриџис и Таунс со по 23 поени и Ануноби со 20 поени. Кај Селтикс блескаше Џејсон Тејтум со 42 поени но голема грижа донесе неговата повреда пред крајот на мечот кога го изнесоа додека тој кривеше на едната нога.

Во тимот на Бостон уште и Вајт уфрли 23 а Џајлен Браун 20 поени. Петтиот дуел кој може да биде и решавачки кога Никс ќе има прва „меч“ топка, ќе се игра во ноќта меѓу среда и четврток.

МИНЕСОТА ТИМБЕРВУЛВС - ГОЛДЕН СТЕЈТ ВОРИОРС 117:110

„Волците“ се на праг да го елиминираат повеќекратниот шампион кој влезе во одлична форма во доигрувањето за титулата во НБА но во меѓувреме остана без својот лидер Стеф Кари.

Минесота сега води 3:1 во серијата и е на праг од пласман во големото финале. На гостински паркет во салата на Голден Стејт, кај Минесота Тимбервулвс доминираа Џулиус Рендл со 31 поен и Едвардс со 30 поени. Кај домаќинот центарот Куминга постигна 22 поени. Следниот меч, петти во серијата се игра во ноќта меѓу среда и четврток.

Џими Батлер уфрли 14 поени со 6 скока и 3 асистенции, Драјмонд Грин исто имаше 14 поени и 7 скока со 2 асистенции.

 

13 мај 2025 - 07:53