Што ќе се гледа на Ол-Старот?

НБА Ол-стар викендот 2026 ќе се одржи овој викенд во салата „Интуит Доме“ во околината на Лос Анџелес а целиот настан започнува од петок вечер после полноќ.

НБА лигата сака да ја врати гледаноста на Ол-стар викендот која што во последниве години бележи голем пад насекаде во светот.

На Ол-стар викендот ќе има неколку средби:

Петок кон сабота - славни личности на паркетот

Ревијален натпревар меѓу познати, славни личности од САД. Меѓу нив ќе бидат и двајца сопственици на НБА франшизите, Мет Ишбија од Феникс Санс и Рик Шнал од Шарлот Хорнетс. Ќе играат кошарка со нив уште и НФЛ ѕвездите Кинан Ален и Амон-Ра Сент Браун како и познатиот НБА инсајдер Шамс Чаранија кој е најпознат НБА новинар во САД.

Петок кон сабота: Ѕвезди во подем

Викендот официјално ќе го отвори натпреварот „Рајзинг старс“ односно Ѕвезди во подем на кој ќе настапат како и досега изминатите години најталентираните млади играчи од НБА лигата.

Првиот пик на драфтот 2025 фанастичниот Купер Флег нема да се појави на овој натпревар поради повредено стопало а ќе го нема ниту Алекс Сар поради истегнување на задната ложа.

Сигурно најголемо внимание ќе предизвика 20-годишната суперѕвезда на Шарлот Хорнетс Кон Кнупел кој игра феноменална сезона како и младите ѕвезди Дилан Харпер и ВиЏеј Еџкомб.

Сабота вечер: Тројки и најдобри забивања

Саботата вечер е предвидена за турнирите во најдобро шутирање тројки како и враќање на турнирот „Шутинг старс“ и забивања.

Најмногу внимание привлекува ветеранот Дамијан Лилард кој се пријави во турнирот за шутирање тројки иако поради повреда на Ахиловата тетива не игра цела сезона.

Двократниот НБА шампион веќе има две признанија за најдобро шутирање тројки на Ол-стар и ќе го лови третото.

Но ќе мора да се избори со врвните тројкаши Девин Букер, Донован Мичел, Џамал Мареј и Норман Пауел како и младата ѕвезда Кон Кнупел и ветеранот Боби Портис.

Забивање

Натпреварувањето во забивање годинава нема да има некои спектакуларни ѕвезди. Тука се Кешад Џонсон кој е фаворит како и Џејс Ричардсон син на некогашниот НБА првак Џејсон Ричардсон, уште и Картер Брајант и Џексон Хајс кои ќе се обидат да стигнат до првото признание за најдобри забивачи на Ол-старот.

Недела вечер кон понеделник: Тим САД против Тим Свет

НБА лигата реши главниот натпревар да биде од нов формат: три екипи да играат мини-турнир со концепт играчи од САД против играчи од целиот свет.

Но поради повреди Ол-стар натпреварот ќе го пропуштат ѕвезди како Стеф Кари, Шеј Гилџес-Александер и Јанис Адетокумбо.

И покрај тие отсуства, публиката ќе следи дуели на

Тим свет: Виктор Вембанјама, Лука Дончиќ, Никола Јокиќ, Карл-Ентони Таунс, Алперен Шенгун, Дени Авдија, Џамал Мареј.

Тим САД: Скоти Барнс, Девин Букер, Кејд Канингем, Џајлен Дурен, Ентони Едвардс, Чет Холмгрен, Џајлен Џонсон и Тајрикс Макси.

Трите екипи ќе играат во таканаречен кружен систем односно победникот од мечот САД 1 против свет ќе игра против САД 2.

13 февруари 2026 - 14:57