Луд трипл-дабл на Јокиќ, Денвер поразен од ослабениот Голден Стејт

Кошаркарите на Денвер Нагетс изгубија во Сан Франциско на гостински паркет од Голден Стејт Вориорс 128:117 во дербито на вечерта во НБА лигата.

Никола Јокиќ одигра уште еден натпревар за паметење откако уфрли 35 поени со 20 скока, 12 асистенции, три одземени топки и две блокади.

Покрај српскиот репрезентативец добро одиграа уште само и Џамал Мареј со 21 поен и Кристијан Браун со 18 поени и пет скока.

Кај победникот Голден Стејт кој играше без своите први ѕвезди Стеф Кари, Драмонд Грин и Кристапс Порзингис, неколку кошаркари блескаа а меѓу нив најмногу се истакнаа Мозес Муди со 23 поена, седум скока и пет асистенции, Ал Хорфорд со 22 поени (дури шест тројки) и седум асистенции, Диентони Мелтон со 20 поени и четири скока и Брендан Подзиемски кој можеби беше играч на натпреварот со 18 поени, 15 скока и 9 асистенции.

Денвер Нагетс сега е на учинок од 36 победи и 22 порази на трето место, а Голден Стејт Вориорс се на осмо место кое води во доигрување со 30 победи и 27 порази.

 

23 февруари 2026 - 09:13