Стив Кер влезе во историјата откако Голден Стејт Вориорс синоќа го совлада Вашингтон Визардс. Тој стана четврти најбрз активен тренер кој стигнал до овој јубилеј. Со 63,6% победи во кариерата, Кер е на трето место на вечната листа тренери со најмалку 600 триумфи, веднаш зад неприкосновените Фил Џексон (70,4%) и Ред Оербан (66,1%).
Кер ги презеде Вориорс во 2015-та и веднаш покажа дека ќе биде класа тренер. Во првата сезона имаше 51 триумф, односно 16 повеќе од претходната сезона на Вориорс. Со Стеф Кари, Клеј Томпсон и Дрејмонд Грин на паркетот, Стив Кер направи шампионска династија.
Тој ја водеше екипата до 4 шампионски титули, три финалиња и најмалку една победа во доигрувањето во последните 9 сезони. Тој покажа неверојатна способност да развива играчи од доцните избори на драфтот како недрафтувани таленти, вклучувајќи ги тука Драјмонд Грин, Гери Пејтон II, Квентин Пост и многу други во екипата.
Кер до 600 победи како тренер стигна во својот 943-ти натпревар а Фил Џексон до 600 триумфи стигнал на 805 натпревари, Пат Рајли на 832 а Грег Поповиќ на 887.
Интересно Стив Кер стана само втор човек во историјата кој има 601 победа како играч и 600 победи како тренер во НБА, веднаш зад Дон Нелсон.