Шарлот ја повлекува 30-та, Дел Кари плачеше како дете

НБА франшизата Шарлот Хорнетс објави дека во март на свечена церемонија ќе го повлече од употреба дресот со број 30 во чест на еден од најдобрите играчи во нивната клупска историја - Дел Кари. Кари, татко на најдобриот шутер во историјата на НБА лигата Стеф Кари и на уште еден НБА играч Сет Кари, играше во лигата од 1986 до 2002-ра година.

Дресот на Шарлот Хорнетс го носеше цели 10 години од '88 до '98-ма. Дел Кари беше најдобар шести играч во 1994-та година и втор е по број на поени на вечната листа на Шарлот Хорнетс.

Церемонијата ќе се одржи на 19-ти март кога Шарлот Хорнетс ќе игра против Орландо Меџик. Дел Кари ќе биде само втор кошаркар во историјата на клубот чиј број бил повлечен од употреба. Претходно тоа „стршлените“ го сториле за Боби Филс.

„Никогаш не можев да замислам дека ова ќе се случи. Многу ми значи. Ми значи зошто го правев тоа што го сакав. Кошарката ми даде толку многу, навивачите ми дадоа толку многу и сакам да бидам присутен со цел да им вратам што можам и да ја направам организацијата каква што треба да биде и да им дадам на навивачите, на екипата и на сите поддршка“, вели Дел Карти.

Тој одигра 16 сезони во НБА од кои 10 во Шарлот. Хорнтес беа негов трет тим во толку многу сезони во лигата: започна во Јута, па беше трампан во Кливленд за на крај да дојде во Шарлот во една поширока размена на гирачи во 1988-ма.

Подоцна играше и за Милвоки Бакс и Торонто но Шарлот остана негов единствен дом.

Неговите два сина имаат одлични кариера, Стеф Кари е по многумина најдобриот играч во НБА лигата а статистички тој е најдобар шутер кој се појавил во НБА некогаш. Брат му Сет Кари го носеше бројот 31 Хорнетс. Стеф Кари ја носеше 30-та во Голден Стејт цела своја кариерата а сега браќата се соиграчи во Вориорс.

15 јануари 2026 - 14:34