Индијана го олади силниот Кливленд, а неочекуван јунак го носи Голден Стејт во полуфинале

Кошаркарите на Голден Стејт Вориорс се последниот тим кој се пласираше во следната фаза од овогодинешното разигрување за шампионската титула во НБА лигата.

Epa Images
Epa Images
Фото: Epa Images

ХЈУСТОН РОКЕТС - ГОЛДЕН СТЕЈТ ВОРИОРС

Во натпреварот број 7 кој се играше пред преполна сала во Хјустон, повеќекратниот НБА шампион Голден Стејт Ворирос славеше 103:89 и сега оди на разгоропадената Минесота Тимбервулвс во полуфинале на Западот.

Екипата од Сан Франциско во првиот дел стекна двоцифрена предност која што Хјустон Рокетс брзо ја стопи во третиот период и се спушти на -3 поени разлика. Но искусните и прекалени „воини“ во последната четвртина рутински ја одработија задачата.

Херој на победата беше Бади Хилд со 33 поени, шут од игра 9/11. Стеф Кари кој во првиот дел уфрли буквално само три поени во вториот дел додаде 19 и стигна до 22 поени и 10 скока. Џими Батлер, големото засилување помогна со 20 поени, 8 скока и 7 асистенции.

Кај домаќинот чии навивачи си заминаа разочарани зошто веруваа во нов триумф и елиминација на Голден Стејт Вориорс, најефикасни беа Амен Томпсон со 24 поени и 9 скока и Турчинот Алперен Шенгун со 21 поен, 14 скока и пет асистенции.

КЛИВЛЕНД КАВАЛИРС - ИНДИЈАНА ПЕЈСЕРС

На Истокот, пак, веќе почна втората рунда, односно полуфиналето. Индијана Пејсерс направи големо чудо откако го изненади Кливленд Кавалирс, во огромен дел од сезоната најдобар тим во основниот дел од НБА лигата.

Индијана славеше 121:112 на гости и направи „брејк“, благодарение пред се на играта во четврта последна четвртина.

Ендрју Нембхард беше најефикасен кај Пејсерс со 23 поени и 6 асистенции а Тајрис Халибартон додаде 22 коша и 13 асистенции. Кај домаќинот, Донован Мичел уфрли 33 поени со пет секока и четири асистенции а Тај Џером додаде 21 поен со 8 асистенции.

Во моментов вака стојат работите во доигрувањето за титула во НБА:

КЛИВЛЕНД КАВАЛИРС - ИНДИЈАНА ПЕЈСЕРС 0-1
ЊУЈОРК НИКС - БОСТОН СЕЛТИКС (ноќеска)
ОКЛАХОМА СИТИ ТАНДЕР - ДЕНВЕР НАГЕТС (ноќеска)
МИНЕСОТА ТИМБЕРВУЛВС - ГОЛДЕН СТЕЈТ ВОРИОРС (7-ми мај)

Cup tree provided by Sofascore
5 мај 2025 - 08:59