Лука Дончиќ е прв странец со најмногу продадени дресови во НБА лигата

Суперѕвездата на Лос Анџелес Лејкерс кого допрва го чекаат големи борби во доигрување за шампионската титула, стана прв кошаркар надвор од САД чии дресови се најмногу продавани. После 11 години ги тргна од тронот големите Стеф Кари и Леброн Џејмс.

Првпат после повеќе од 10 години Стеф Кари и Леброн Џејмс немаат најпродавани официјални дресови во НБА лигата.

Во понеделникот НБА на своите профили на друштвените мрежи објави дека Лука Дончиќ има најбаран дрес преку нивните официјални продавници, односно преку NBAStore.com за сезонава 2024/2025. Продажбата на дресови на Лука Дончиќ нагло пораснала после шокантната трампа која неговиот Далас Маверикс ја направи со ЛА Лејкерс во која беа вклучени повеќе кошаркари.

Дончиќ беше во Топ10 на листата кошаркари со најмногу продадени дресови во изминатите пет сезони, но сега е апсолутно прв.

Досега во изминатите 11 години, Леброн Џејмс или Стеф Кари го држеа првото место за најпродавани дресови во целата НБА лига. Џејмс беше апсолутен рекордер во сезоните 2013/2014 и 2014/2015, неговата финална година во Мајами Хит и првата со Кливленд Кавалирс во вториот мандат. После тоа Стеф Кари ја презеде „палката“ и во следните три сезони беше убедливо најпродаван дрес за време на шампионската серија со Голден Стејт Ворирос.

Во 2018-та Леброн Џејмс дојде во ЛА Лејекрс, го презеде првото место повторно и го држеше во следните пет години. Кари само еднаш му го презема лидерството повторно, минатата сезона. Сезонава прв е Лука Дончиќ чиј дрес со број 77 од ЛА Лејкерс е најпродаван преку НБА официјалните продавници.

На листата се Кари (втор), Леброн Џејмс (трет), Џејсон Тејтам од Бостон, Џален Брансон од Њујорк Никс, Виктор Вембењама од Сан Антонио Спарс, Ентони Едвардс и други. 

15 април 2025 - 08:40