
Голден Стејт Вориорс го совлада Сакраменто 130:104, а освојувачот на златна медала од Олимписките игри во Париз постигна 11 поени и 5 асистенции со што стигна до бројката од 4.000 уфрлени тројки во НБА.
„Тоа е број за кој никогаш не сум ниту помислувал, ниту ми звучел реално дури и кога стигнав до 2.974 тројки што е број кој најмногу ми значи зошто така го урнав рекордот“, вели Кари кој денес полни 37 години.
Во триумфот на Голден Стејт одличен беше Дрејмонд Грин со 23 поени, Бади Хилд додаде 1 а ДеМар ДеРозан стигна до 23 поени.
„Нереална бројка, тешко е да се сфати. Не е само до бројките сепак, до смелоста и до убавината на емоцијата. Тој е како балерина на теренот, не гледаме само спорт туку гледаме уметност“, рече тренерот Стив Кер за неговиот најдобар играч Стеф Кари со кого освоија толку многу титули и признанија во НБА лигата и на Светски првенства и Олимписки Игри.
Every three is a record. This one sets an entirely new standard.
— Golden State Warriors (@warriors) March 14, 2025
4⃣, 0⃣0⃣0⃣ CAREER THREES for Stephen Curry 🎯 pic.twitter.com/lkU7EqfSii