Леброн Џејмс запиша уште еден историски рекорд. На вечната листа кошаркари со највеќе сезони во НБА лигата - 23 сезони! Досега го делеше првото место со Винс Картер кој одигра 22 сезони, а четворица кошаркари имаат по 21 сезона во најдобрата светска лига: Дирк Новицки, Кевин Гарнет, Кевин Вилијамс и Роберт Париш.
Велат дека Леброн ги урна сите можни и невозможни рекорди, но има уште некои кон кои се стреми:
- 49 натпревари уште му фалат да го стигне Роберт Периш по број на одиграни натпревари во НБА (1.611)
- 346 поени од поле му фалат до рекордот на Карим Абдул-Џабар кој постигнал 15.837 шута од игра.
- 5 победи го делат до Периш во вкупен број триумфи во основниот дел од сезоната (1.014 победи има Периш) а Карим Абдул-Џабар е апсолутен рекордер со 1.074 победи во регуларниот дел од сезоната а Леброн за сега има 1.014 триумфи.
Леброн Џејмс синоќа во првиот одигран натпревар после цели 7 месеци за 30 минути собра дабл-дабл учинок со 11 поени, 7 скока и 12 асистенции.
ДеАндре Ејтон доминираше под рекетите со 20 поени и 14 скока, а Лука Дончиќ блескаше со 37 поени, 10 асистенции и 5 скока. Лејкерс сега имаат 11 победи и 4 порази.
По бројот на уфрлени тројки на вечната листа Леброн џејмс е на 6-то место со 2.561 погодена тројка. Прв апсолутно е најдобриот шутер во историјата, Стеф Кари со 4.116 уфрлени тројки, Џејмс Харден е втор со 3.222, Реј Ален е трет со 2.973, Лилард е четврти со 2.804 а Клеј Томпсон петти со 2.729.