
Документарецот ќе има три епизоди посветени на животот, кариерата и наследството кое Дејан го остави зад себе. Симболично, на неговиот роденден на 15-ти април денес е претставен дел од документарецот кој го работи регионалната продукциска куќа „Видеострој“.
„Дополнителна вредност на целиот проект му дава и фактот што главен протагонист кој собира материјали за филм за својот татко е синот Никола Милојевиќ“, велат од продукциската куќа.