Хјустон промаши тројка за победа, Кливленд со метла го исчисти Мајами

Кошаркарите на Голден Стејт Вориорс како секоја сезона, така и сега, играа топло-ладно во основниот дел на НБА лигата, за да сега во доигрувањето за титулата влезат во топ форма. Синоќа го победија Хјустон Рокетс 109:106 пред своите навивачи и поведоа со 3-1 во серијата.

Во четвртиот натпревар меѓу Голден Стејт Вориорс и Хјустон Рокетс, во Оукленд „воините“ славеа после голема драма во самиот финиш.

Еден од најдобрите кошаркари во НБА лигата, младиот Турчин Алперен Шенгун имаше шут за три поени за поени, но го промаши. Топката во скок ја фати Џими Батлер кој веднаш брзински беше фаулиран, па ги погоди двете слободни фрлања и Голден Стејт Вориорс победи.

Токму доскорешниот лидер на Мајами Хит беше најефикасен со 27 поени, шест асистенции и пет скока. Изненадна партија имаше и Брандин Подзиемски со 26 поени и по 5 скока и асистенции. Стеф Кари придонесе со 17 поени и по 3 скока и асистенции, Бади Хил стигна до 15 поени со 4 скока и 3 асистенции а Квинтен Пост имаше 13 поени, 4 скока и 3 асистенции.

Кај Хјустон Рокетс нивниот најдобар играч Алерен Шенгун беше најрасположен со 31 поен и 10 скока. Тој на крајот го промаши шутот за победа. Покрај него одлична вечер имаа уште и Фред Ванфлит со 25 поени, Амен Томпсон со 17 поени и Дилон Брукс со 11 поени.

Сега серијата се сели во Хјустон каде ќе се играат следните два натпревари: шанса за „ракетите“ да израмнат, но и 2 меч топки за „воините“ да одат понатаму во плејофот.

Најдобриот тим во основниот дел од лигата, Кливленд Рокетс кој буквално ги разбиваше своите ривали, сега и во доигрувањето за титулата игра маестрално. Со 4-0 го испрашија Мајами Хит а тоа го сторија со неверојатна историска победа 138:83. Некогашниот шампион Мајами не доживеал ваков дебакл во овој дел од сезоната.

Разликата од 55 поени е најголема која некоја екипа некогаш ја изборила во натпревар од доигрување за титулта. Кливленд Кавалирс до четврта победа во серијата ги водеа Донован Мичел со 22 поени и Хантер со 19 поени. Никола Јовиќ со 24 поени беше прв стрелец кај Мајами Хит.

Кливленд сега го чека подобриот од серијата меѓу Индијана и Милвоки каде Пејсерс води 3-1 и е на праг од пласман во следна рунда.

29 април 2025 - 09:02