Во нашата омилена рубрика каде последен пат го сместивме Камерунецот кој го излажаа дека ќе оди на Светско, сега имаме цел тим. Се работи за второлигаш од Англија на кој очајно му се потребни играчи.
Бразилскиот прволигаш го отпушти својот фотограф. Причина? Фотографирал и објавил клупска фотографија од авион на која никој не носел маска. Позитивни? 16.
Делителите на правдата во последниве 12 месеци беа мета на камерите во разни бизарни ситуации. Јадеа ќотек, клоцаа фудбалери, бркаа маскоти, судеа пијани. Се потрудивме да ги собереме на едно место најинтересните кои заслужуваат да влезат во нашата посебна рубрика на офсајд ликови.
Трансфер пазарот знае да биде полн со изненадувања, а последното ни го носи еден фудбалер - авантурист во душа, истовремено и Диџеј на кој можеби некој од вас ќе оди летово, бидејќи ќе пушта музика на Егзит.
Ако треба да бараме фудбалер во втора, трета и четврта лига во Англија кој се има изнашетано во цела земја и ја знае атмосферата и методите на работа на едно 14 клубови во иста земја, тогаш ова е тој. Се вика Кларк и е познат како најголем авантурист на островот.
Обично не пишуваме за вакви луѓе кои се занимаваат со екстремни спортови, но 23 годишната Аша некако фино ќе си легне во друштво на нашите офсајд ликови кои се издвојуваат по својата уникатност.
Не знаеме дали е ова нормално или не, а можеби е нормално штом влегува во оквирот на балканскиот фудбал. Иако ова е класична вест адекватна за селски фудбал, а не за играч од клуб кој игра и во Лига на шампиони.
Овој делител на правдата слободно уште од сега можеме да го прогласиме и за офсајд судија на годината, затоа што додека следел курсеви и семинари за да стане судија утнал неколку часови и не ја научил најважната лекција.
Го избравме офсајд ликот на годината, го добивме шампионот на Типстер на полусезоната, но како машка спортска редакција нешто ни фали. Грев е да се избере само една, но ние се одлучивме на онаа која е најблиска со фаворитот на „Златната топка" Кристијано Роналдо. Среќна нова.
Сте виделе ли скоро некој гол или дриблинг од овие двајца напаѓачи? Ние не. Мизерната сезона која ја имаа во Челси без никакви пречки ги сместува во нашата рубрика Офсајд лик. Фалкао и Пато до толку ги немаше, што можеби некој заборавил и каде играат.
Фудбалерот на шпанскиот второлигаш Ксерез, Ернесто Галан го прогласуваме за офсајд лик на неделата. Неговата екипа цели 30 минути играше со играч повеќе против Сабадел и на крајот загуби со гол во 95-та минута и тоа со автогол на несреќниот Галан кој си го лобуваше голманот со шкорпион удар.
За вакви луѓе освен „офсајд лик“ на сајтов треба да воведеме и категорија „шупак на денот“, а организаторите на Ролан Гарос да му изречат доживотна забрана за пристап.
Повторно нашиот офсајд лик на годината се најде во медиумите заради лоши вести. Премиер лигата ќе започне истрага против Винсент Тан заради сомневањето дека на неговите фудбалери им нудел бонуси.
Три глупости го чинеше три порази предпоследно пласираниот тим од првата лига во Перу, Унион Комерсијо. Сите овие киксови за паметење им се случија за две недели, а нивниот голман неодамна си најде место во нашата рубрика Офсајд лик.
Некои тренери се лутат кога играчите изведуваат акробации откако ќе постигнат гол, како Мартинс кога прави салто како гимнастичар. Други трчаат спринт и се качуваат по огради. Ризикот не е многу голем, само може да паднат 20 навивачи, некој да скрши нога и да не игра два месеци.
Аргентинците сакаа да промовираат кампања против насилството во фудбалот преку новоформираниот клуб кој го носи името на Папата Францис, но уште на првиот натпревар тие добија два црвени картони.
Богатиот брачен пар од САД со огромна желба за настап на Олимписки игри си формираше дури и своја скијачка федерација, но наместо олимписка бајка тие добија стомачен вирус, скршен нос и тужба.
Ние го имаме Тан и тоа не е спорно, но „Footballdaily“ ги собра на едно место оние кои најмногу експериментираа со боите на дресовите за време на Светските првенства. Мексиканскиот голман Хорхе Кампос е најголемиот шаренко.
Се мислевме дали да го сместиме во рубриката Офсајд лик, заради тоа што за приватни работи се фали по социјални мрежи, но сепак делата на младичот се на место, а за тоа доби пофалби и на БиБиСи.