Илјадници навивачи на Клуб Депортиво Атлетико Хуниор прославуваа низ улиците на Баранкиља откако слушнаа вест дека Фудбалската федерација на Колумбија му ја одзеде титулата на шампионот Атлетико Насионал по што таа и припадна на нивниот клуб.
Според гласините за кои некои навивачи тврделе дека ги слушнале и на вести на телевизија, титулата на Атлетико Насионал им била одземена затоа што на натпреварот против Хуниор направиле четири измени, а во еден момент дури имале и 12 играчи на теренот.
Овие гласини бргу се рашириле во Баранкиља со помош на социјалните мрежи и навивачите излегле на улиците за да ја прослават осмата титулата на нивниот клуб.
Челниците на Атлетико Хуниор и Фудбалската федерација на Колумбија подоцна ги демантирале информациите, но илјадници навивачи веќе биле излезени на улиците и прославувале до доцна во ноќта.