Денешната спортска среда во Хрватска е резервирана за дербито меѓу Динамо Загреб и Ријека кои се моментално на прва и трета позиција, а меѓу нив е Хајдук.
Модрите на прес очигледно се појавија со погрешен човек кој даде искрена и погрешна изјава која подобро да не ја дадеше.
Стоперот на Динамо се појавил на прес со завој на раката, па уште и си кажал искрено зошто и како се случило да има повреда.
„Раката ми е во завој, се исеков додека цепев дрва, ама ништо страшно“.
Каков краљ бе, дерби го очекува, тој дрва цепел. Не дека му се мешаме во домаќинските работи, ама стварно топло му препорачуваме печка на пелети. Нема зима со нив, а ни опасност да се убие со секира.
Инаку Дилавер сезонава има 19 настапи, а Трансфермаркт го цени, веројатно сè уште на 3,5 милиони евра.