По завршувањето на Светското првенство клубовите си ги пребројуваат играчите, се пакуваат и заминуваат на припреми и турнеи за следната сезона. Но поранешниот премиерлигаш Блекпул тоа не може да си го дозволи поради една главна причина. Немаат доволно фудбалери.
Тимот во овој момент располага со само 8 играчи затоа што по завршувањето на сезоната Блекпул го напуштија дури 27 фудбалери. Претседателот на клубот за нивниот веб сајт изјави дека тоа е главната причина за откажување на турнејата.
„Тренерот донесе одлука и јас се согласувам со тоа да не одиме на турнеја. Мислам дека подобро е времето да го искористиме за да купиме некој играч“, изјави Карл Остон.
Во ситуација кога фудбалерите имаат тројца дефанзивци, четворица напаѓачи, еден играч од среден ред и ниту еден голман, првиот човек на клубот не крева паника.
„Нема зошто да креваме паника, ова може да биде и позитивно за клубот. Тренерот во овој случај може да создаде нов тим, а не како во некои клубови кои имаат премногу играчи и потоа не знаат каде да кратат“, вели Остон.
Блекпул трета година по ред ќе биде дел од Чемпионшип лигата, а во сезоната 2010/2011 настапуваше во Премиер лигата.
Новата сезона во Чемпионшип стартува на 9 август, а во ваква ситуација фудбалерите на Блекпул може да тренираат само 4 на 4 на мали голчиња.
И не заборавајте Блекпул се сака и после смрт.