Luciano Moggi liked your Tweet. Пa па па. Прво што веднаш ти доаѓа да направиш е да провериш дали профилот е фејк.
Во описот стои дека тоа му е официјална страница, стара 10 години која ја следат скоро 70.000 луѓе. Меѓу нив и познати италијански новинари, инсајдери, медиуми...
Инаку ни ја лајкна или ни ја лајкнаа статијата за Ибрахимовиќ, Моџи и Галијани, која не инспирираше да ја направиме поради нивната заедничка роденденска фотографија.
Поранешниот бос на Јуве, кој беше сметан за кум на фудбалската мафија, има 84 години, ама воопшто не е оф во врска со фудбалските случувања.
Можеби не е на Твитер (кој го знае), ама страната редовно му е ажурирана со негови изјави, интервјуа и сл.
Во едно од последните интервјуа вели вака:
Фотографијата со Мино Рајола на забавата на Ибрахимовиќ?
„Го викаат "pizzaiolo" (мајстор за пица). Во него препознав лукавост за да влезе во фудбалскиот свет и стана еден од најдобрите агенти. Има одличен карактер. Со Мино го изградив Јувентус 2005/2006, кој беше непобедлив. Го пратив да го земе Емерсон од Рома, иако не беше негов клиент. Ако знаете како да го користите, може да стане важен играч за еден клуб. Со мене израсна Рајола, а јас бев скаут 20 години и тоа ми помогна да имам големо познавање за фудбалерите.
Донарума?
„На роденденот на Ибра разговарав со Џиџо за да ја разберам неговата ситуација. Тој нема да оди во Јувентус, туку е насочен на други патеки“.
Лучано Моџи. Неповторлив лик.