Офсајд судии на годината

Делителите на правдата во последниве 12 месеци беа мета на камерите во разни бизарни ситуации. Јадеа ќотек, клоцаа фудбалери, бркаа маскоти, судеа пијани. Се потрудивме да ги собереме на едно место најинтересните кои заслужуваат да влезат во нашата посебна рубрика на офсајд ликови.

Предност и даваме на единствената дама која ни доаѓа од Бразил и која сакаме да ја гушнеме.

Еве на што се изложени судиите во Либан откако ќе покажат црвен картон.

Во Русија не е така, таму судиите имаат авторитет, а доколку им опцуеш мајка тешко тебе.

Изминатава година имаше и многу судии со оштетен вид.

Овој дечко е пишман што се родил и сигурно се нашол во ова друштво затоа што немало кој друг.

Во тенисот има повеќе судии отколку натпреварувачи, но ретко ги гледаме во комуникација. Новак Ѓоковиќ се објаснуваше со главниот.

И се разбира царот кој ќе ве изненади го оставивме за крај.

Но тоа е се, затоа што архивата ни е полна. Ќе ве потсетиме на тепачката во Иран, строгиот од НБА, пијаницата од Англија, потоа тој што ги брка маскотите, како и на Саша Матиќ и брат му.

24 декември 2013 - 13:46