Вади чудни фризури, полн е со тетоважи, го имаат апсено, има погодено пенал во финале од Лига на шампиони и ги има скршено двете нозе во кариерата. Кој е тој?
Ако на добар познавач на фудбал му го поставите ова прашање, лесно ќе стигне до одговор, бидејќи сите асоцијации водат само кон него. Џибрил Сисе.
Контроверзниот француски напаѓач во февруари годинава го најави крајот на својата кариера како фудбалер и технички веројатно тоа останува така, бидејќи реши да игра за полупрофесионален клуб.
Се работи за швајцарскиот третолигаш Ивердон кој со слика и дрес може да се пофали дека за свој член го има освојувачот на ЛШ со Ливерпул и еден од прецизните изведувачи на пенал во она историско драматично финале во Истанбул 2005-та година.
Замислете, Сисе играше за еден од најславните англиски клубови рамо до рамо со Џерард и Чави Алонсо, а сега стана член на екипа која има стадион колку Тумбе Кафе и каде не знае ниту еден играч.
За шоуто да биде поголемо Сисе во малото швајцарско градче се појави со хеликоптер и беше претставен од претседателот на клубот Марко ди Пјетрантонио. Каква мотиви ќе има да игра во полупрофесионална лига не знаеме, само пишува дека целта на неговиот договор на една година е да го одведе клубот во втора лига.
Vous l’avez probablement lu: Djibril Cissé fait désormais partie du club pour la saison à veni ! Bienvenue à lui en tant que Vert et Blanc 😃 pic.twitter.com/SyxXrbDnGZ
— Yverdon Sport (@yverdonsport) July 3, 2017
Со оглед на неговите скроз неочекувани животни одлуки овој потег на Сисе веројатно на треба да не чуди, бидејќи претходниот негов клуб за кој настапуваше се вика Сан Пјер и се наоќа на островот Мадагаскар.
Сисе во кариерата смени вкупно 12 клубови и има 41 настап за француската репрезентација. Кариерата ја почна во Оксер кај легендарниот Ги Ру, а потоа играше за Ливерпул, Марсеј, Сандерленд, Панатинаикос, Лацио, КПР, Кубан Краснодар, Бастија...
На Егзит во Нови Сад ќе пушта музика на 9 јули.