Силјановска е претседател, ВМРО имаат 58 мандати, СДСМ освоија 15% од гласовите, Левица и Максо ќе имаат пратеничка група
9 мај 2024
„Шеврон Корп.“, единствената западна компанија на која ѝ е дозволено да вади венецуелска нафта, ги товари танкерите со најбрзо темпо во последните седум месеци.
Во првата недела од овој месец и година, „Шеврон“ натоварил на бродови 1,68 милиони барели венецуелска нафта - пет пати повеќе од истата недела во декември.
Веднаш по американскиот напад, акциите на Шеврон скокнаа за пет проценти.
Петмина демократски сенатори побараа конгресна истрага за тоа колку Шеврон и Ексон претходно знаеле за плановите на Трамп да ја нападне Венецуела и да им го киднапира претседателот.
п.с. После ова, ќе мора да најдеме некоја нова тема за кавга со нашиот другар Пимен. А што се мора, не е тешко :)