Фудбалскиот живот на Леон Кларк почна во Вулверхемптон. Прво го мина периодот на калење во младинската академија, а потоа во 2003 година дебитираше за сениорскиот тим во Лига Купот против Дарлингтон. Убаво.
Следната година следуваше позајмица во Кидермнстер. Одигра само четири натпревари и покрај тоа што претходната сезона во Вулверхемтон направи име има и постигна 8 гола на 31 настап.
Првата позајмица во кариерата му беше неуспешна, а така беше и во следните две во Квинс Парк Ренџерс и Плимут, екипи за кои не постигна ниту еден погодок. Во сезоната 2006/2007 се врати кај Волците.
Тренерот веднаш го стави на трансфер листа и во јануари 2007-ма беше продаден во Шефилд Вендздеј за сума од 300.000 фунти. Одигра само пет меча и потоа го пратија на едно месечна позајмица во Олдам Атлетик. Кларк имаше ветувачки старт со три гола на првите пет меча, но тоа не се покажа како доволно за трансфер и се врати во Шефилд.
По неколку месеци, нова позајмица, нов клуб, а тоа е Саутенд Јунајтед. Погоди на дебито и постигна 8 гола на 16 настапи, успешен престој кој не му обезбеди долг престој. Следуваше нов кам бек во Шефилд.
Сезоната 2008/2009 му беше успешна и постигна 8 гола на 20 меча за Шефилд, но голот против Кристал Палас го прослави со удар врз реклама и го измести коленото. Три дена подоцна не доби нов договор.
Следуваше трет трансфер во кариерата во клуб каде беше претходно на позајмица. Тоа е КПР каде не успеа да постигне ниту еден гол. Тоа значеше нова шеста позајмица овој пат во Престон Норт Енд.
Знаете што се случи така? Ни тука не остави впечаток и во 2011-та се пресели во Свиндон Таун, кусо време откако му заврши договорот со КПР. Тренер на Свиндон тогаш беше Паоло Ди Канио, но Кларк не влезе во конфликт со него, туку со кондициониот тренер Клаудио Донатели. Потоа никогаш не заигра таму.
Третолигашот Честерфилд беше следниот клуб кој му даде шанса на позајмица. Тој добро ја искористи и на 18 настапи постигна 9 гола. Кога му заврши позајмицата го купи Чарлтон каде имаше 7 неуспешни настапи. Следуваа позајмици во Сканторп Јунајед и Кроли Таун.
Клубот кој најмногу се усреќи од него беше Ковентри Сити. 23 гола на 34 меча во 2013-та и 2014-та од кои 18 гола на средина од сезоната. Тоа му ја дигна цената, а Вулверхемптон, клубот од неговиот роден град каде што почна да игра за него извади 750.000 фунти, со надеж дека нивниот поранешен младински фудбалер сега е созреан како играч.
Враќањето му беше очајно бидејќи постигна само три гола. Клубот под реден број 14 за Леон Кларк беше Бери. На клубот од Лига 1 му донесе 15 гола на 32 меча. За некој тоа беше причина да го купи, а името на клубот се вика Шефилд каде веќе беше во 2007-ма.
Тренерот на Шефилд, Крис Вилдер изјави:
„Тој е широко признат како еден од најдобрите напаѓачи во оваа лига и ќе надополни тоа што го имаме“.
Останува да видиме во 2017-та дали ќе стигне до својот 15-ти клуб во кариерата.