Од таа причина за животот на Јокиќ вон паркетите не се знае многу. На таа тема понекогаш зборуваат негови соиграчи и колеги кои само ставаат печат на документот дека Никола не сака бурен јавен живот.
Еден од нив е и Жофри Ловерњ, легендарниот француски центар кој се прослави во белградски Партизан а подоцна речиси две години играше во Денвер Нагетс. Во Колорадо некое време се начекал со Никола кој тогаш бил руки во НБА.
Во разговор за српски Моцарт Спорт, Жофри Ловерњ раскажува неколку занимливи, необични ситуации.
„Се сеќавам на една сцена, како вчера да беше, а беше пред 10 години. Луѓето од клубот доаѓаат на тренинг и ги претставуваат момците кои се драфтувани. За Никола кажаа само неколку реченици, нешто од типот на: Ова е Никола, ќе се обидеме да му помогнеме да го поправи телото и мислиме дека во иднина би можел да му помогне на клубот. Два месеци после тие реченици, Никола Јокиќ стана најдобар играч на Денвер Нагетс“, отворено раскажува долгогодишниот француски репрезентативец Жофри Ловерњ.
Никој не можел да претпоставува тогаш до кои висини ќе дојде најдобриот кошаркар на светот во моментов кој во НБА отиде како 41. анонимен, непознат пик од белградскиот клуб Мега Визура.
„Играв против Никола во Србија додека бев во Партизан. Веднаш се виде дека е добар играч. Посебно поради тоа чувство во играта, но баш вакво нешто дека очекував, искрено не очекував. Мислам дека никој и не очекувал. Верував дека ако не успее во НБА, ќе се врати во Европа и ќе оствари сјајна кариера, но она што го прави навистина не можам да го опишам и оценам“, додава Французинот кој сезонава го носи дресот на АСВЕЛ.
Најчесто прашање до соиграчите на Јокиќ, сегашни и поранешни најчесто е: каков е Никола надвор од теренот?
„Имам неколку анегдоти кои можам да ги споделам со вас. Помина веќе доволно години за никој да не се налути, а одлично ќе покажат каков навистина е Никола.
Се сеќавам на неговото прво доаѓање во Америка. Никола со браќата слетува во Денвер. Тие се многу важни во целата приказна околу Никола Јокиќ зошто ова сега најискрено ќе го кажам. Секој треба да има браќа какви што се Немања и Страхиња. Тие се тие кои секогаш му чуваат грб на Никола, секогаш го пазат и чуваат. Читам сега како се на мета на новинарите зошто удриле некого на трибините за време на натпревар.
Веројатно тој некој и го заслужил тоа којзнае што зборувал и како се однесувал. За мене браќата на Никола се одлични момци и во оваа прилика ги поздравувам“.
Продолжува Жофри Ловерњ во еден здив да раскажува анегдоти за Никола:
„Тие двајца ми пријдоа првите денови и ме замолија да му помогнам на Никола зошто не го знае ни градот ни луѓето, да го возам со кола и да бидам со него. Тие уште не можеа да возат, само што дојдоа во Америка. Не се снаоѓаа. Така што таа сезона Никола и јас поминавме навистина многу време заедно, се возевме заедно насекаде. Муабетевме и се дружевме. Он е сјаен тип, прав другар!“
„Леле една сезона кога ќе се сетам на тие имиња... Не беа баш сите играчи професионалци, имаше се и сешто. Викам, Никола Јокиќ беше најдобар играч после два месеци во таа екипа, а покажа и каков човек е“.
ЗА НЕВЕРОЈАТНАТА УБАВИЦА ОД АВИОН
„Кога сте во НБА лигата, секогаш патувате со приватен авион, а посадата секогаш е иста. Секогаш не пречекуваат исти луѓе. Меѓу нив беше и една девојка. Не можам да ви опишам колку убава! Како од видео спот или некој фим. Неверојатно! Ја памтам после сите овие години. Е кога имате таква девојка и авион полн кошаркари кои се притоа помалку непрофесионални... Можете да замислите какви сцени има“.
Што се случувало?
„Не постои играч во тогашниот тим кој не и пријде, да проба нешто. Дофрлаа, бараа телефон. Никој не можеше да ја освои. Секогаш беше недостапна. Тука беше и Никола, но во тотално друг стил. Се лагано, лесно, наоколу, дофрлаше некои шеги, се зафркаваше. Никогаш ниту директно не и пријде, но секогаш се шегуваше.
Нејзе изгледа и се допадна тоа зошто беше поинаков. После едно патување, слетуваме во Денвер и таа првпат приоѓа некому. Доаѓа до Никола и му дава ливче со бројот на телефон. Цел тим се чуди!
„Никола ладно станува од авионот и доаѓа до кај мене. Веќе воспоставивме ритам јас да го возам од аеродром до дома. Неколку минути од возењето поминуваат без муабет и тој наеднаш ми се врти и ми вика „Жо, еве ти го бројов, мене секако не ми треба... Јас имам девојка“.Јас во чудо одговарам дека не сакам затоа што бројот му го дала нему. Тој само отвара прозор и го фрла ливчето со број. Ете тоа е Никола Јокиќ. Секогаш ладнокрвен, но и показател дека е прав семеен човек. Тоа е сцена која секогаш ќе ја паметам со Јокиќ“.