Веќе долги години аргентинскиот фудбал го мачат проблемите со насилството на стадионите и тие се обидуваат да го искоренат на секаков начин, па дури и оформија клуб кој ќе промовира ненасилство.
Клубот оформен од Хорхе Рамирез го доби името Папа Францис, па дури и дресовите им се во боите на знамето на Ватикан.
Мотото на клубот е „Без хулигани, без насилство и навреди" и тие го добија прекарот „Светци од југот".
Но тие паднаа на првиот испит. Клубот кој се натпреварува во локална лига во Аргентина, викендов се сретна со екипата на Трефулес. Натпреварот заврши со резултатот 2:2, но и без четворица играчи. Двајца од фудбалерите кои заработија црвени картони играат за „Светците" кои во иднина и самите треба да поработат на толеранцијата пред да ја промовираат.
Претходните офсајд ликови погледнете ги тука.