Што било до него, тој направил, затоа што мечот меѓу Кидерминстер и Бароу завршил 0-0, резултат кој ако си дефанзивец ти одговара затоа што не си примил гол.
Сепак нерешениот резултат на домашен терен и теоретски значи испаѓање за Кидерминстер од Националната, петта лига во Англија. Вообичаена вест сè до моментот кога Кинсела не сфатил дека било второ испаѓање за негов тим во ист ден.
Еден час претходно Астон Вила истрча на Олд Трафорд, екипа која што го позајми Кинсела во нисколигашот и загуби 1:0 од Манчестер Јунајтед. Тоа значеше и официјално испаѓање за Вила, и автоиронија за Кинсела. Бекот сезонава одигра 6 натпревари за Кидерминстер, се појавуваше повеќе од клупата, а минатиот викенд ги одиграл сите 90 минути против Бароу. После 11 години Кидерминстер испаднал од петтата лига.
Астон Вила најавила дека ќе го врати од позајмица за следната сезона во Чемпионшип, затоа што неколку играчи од првиот состав најавија заминување од екипата која испадна од Премиер лигата.
А кој последен се смее, најслатко се смее.