18-годишниот Недас Чеплинскас е најлошиот соиграч кој можете да го посакате во вашиот тим, а игра за еден од најлошите прволигаши во Европа. Нашиот офсајд лик ја започна својата кариера со три автогола.
Се најдоа двајца другари од порано, со добронамерна цел да го спасат клубот од очај по барање на едниот. Арно ама овој што побара помош го набркаа бидејќи губеше од кој стигне, а другиот се заеба и стана Офсајд лик на неделата.
Во првиот ден од годината традиционално фудбал играат само Англичаните и Шкотланѓаните, а тоа беше сосема доволно да го избереме и првиот офсајд лик во 2014-та. Замислете, сефте голот за Арсенал во новата година го постигна Бентнер но...
Поранешниот бразилски репрезентативец не е воопшто добар пример за успешна и долга кариера. Од четирикратен освојувач на Скудетото со тимот на Интер, постои можност да заврши во италијанска аматерска лига.
Раководните луѓе на Лацио ги бива за ангажирање постари напаѓачи кои никој не ги сака, како што беше случајот со Сисе, Саха и Постига, но оваа сезона направија “маестрален“ избор и со едно младо момче кое по “дури“ 4 одиграни минути ќе се збогува со Серија А.
Камерунецот од редовите на хрватскиот клуб Сплит, Анри Бел бил излажан дека е повикан на поширокиот список на репрезентацијата за Светското првенство. Кога се појавил на подготовките во Австрија никој не знаел кој е тој и од тогаш му се губи секоја трага.
Ерменецот од редовите на Борусија Дортмунд е најголем трагичар и еден од најголемите кривци што неговиот тим за малку не успеа да ја анулира предноста на Реал Мадрид.
Фудбалерот на Арсенал кој е позајмен во Олимпијакос, Џоел Кембел слободно можевме да го сместиме и во категоријата малер на денот. Репрезентативецот на Коста Рика купил 100 пакетчкиња со сликици Панини, но не се нашол себеси.
Алжирецот Тауфик Махлуфи не можеше да се воздржи и прерано почна да прославува, па го загуби златниот медал и 10.000 долари на трка од Дијамантската лига за само 4 стотинки.
Не можевме да одлучиме кој повеќе го заслужува нашето признание за офсајд лик на денот, па решивме да го поделиме и да им го доделиме на еден голман од Франција и еден негов полски колега во Азербејџан.
Поранешниот член на Арсенал, Емануел Фримпонг ептен зажали што направи трансфер во Барнсли, а неговото деби за новиот клуб заврши со црвен картон по половина час игра.
Поранешниот тренер на англискиот третолигаш Транмер ја загубил работата и договор вреден 130.000 фунти само заради 1 фунта уплатена на тикет во кладилница.
По тешки и исцрпувачки шест месеци, познатиот бразилски напаѓач кој играше во Реал, го напушта романскиот фудбал. Клубот му се заблагодари за неговиот придонес кој се состои од неверојатни 43 минути, како и ќорав постигнал гол.
Поранешниот сопственик на Фулам, Мохамед Ал-Фаед знае зошто овој клуб испадна од Премиер лигата. Причината за лошите резултати на Фулам е отстранувањето на статуата на Мајкл Џексон од пред стадионот.
Поранешниот тренер на Баер Леверкузен не успеа во првиот обид да биде тренер во Англија. Финецот летово потпиша 3-годишен договор со второлигашот Брајтон, но даде оставка по само 6 месеци и една победа на последните 18 натпревари во Чемпионшип дивизијата.
Во нашата омилена рубрика каде последен пат го сместивме Камерунецот кој го излажаа дека ќе оди на Светско, сега имаме цел тим. Се работи за второлигаш од Англија на кој очајно му се потребни играчи.
Обично не пишуваме за вакви луѓе кои се занимаваат со екстремни спортови, но 23 годишната Аша некако фино ќе си легне во друштво на нашите офсајд ликови кои се издвојуваат по својата уникатност.
Не знаеме дали е ова нормално или не, а можеби е нормално штом влегува во оквирот на балканскиот фудбал. Иако ова е класична вест адекватна за селски фудбал, а не за играч од клуб кој игра и во Лига на шампиони.
Овој делител на правдата слободно уште од сега можеме да го прогласиме и за офсајд судија на годината, затоа што додека следел курсеви и семинари за да стане судија утнал неколку часови и не ја научил најважната лекција.