Тотално лудиот гол на Патрик Шик, репрезентативецот на Чешка кој од пола терен го фрли Маршал во мрежата нè навраќа на некои слични погодоци после кои цел стадион се држеше за глава.
Германецот Томас Тухел седна на клупата на Челси пред четири месеци. Од пропаднатиот скапоцен тим кој дремеше на 10. место во Премиер лига, направи екипиште и ја освои Лигата на шампиони, само 10 месеци откако играше финале со ПСЖ во Лисабон.
Во сезоната 2020/2021 која штотуку заврши, Интер ги имаше најдобрите резултати во последните 11 години. Првпат после 2010-та го освоија скудетото и навивачите беа пресреќни.
Што викаше Фабио Капело, во едно семејство има кавги и дискусии, а не па во еден фудбалски тим составен од 30-ина фудбалери и тренери. Интер освои титула, прослави скудето, ама се 'рчнаа Конте и Лаутаро Мартинез.
После една таква апсолутна доминација, се очекуваше некој да им ја прекине серијата од 9 Скудета во низа, ама не да им биде загрозено и местото во ЛШ, особено со таков состав и Роналдо во тим.
Пред да стане шампион на Англија со Челси во Премиер лига 2016/2017, шпанскиот лев бек Маркос Алонсо избегнал затворска казна за убиство без умисла на девојка му.
Следната сезона ќе биде хит на Апенините. Во Вечниот град доаѓа легендарниот Мурињо кој пред 11 години направи шоу со Интер и освои историска тројна круна.
После повеќе од една деценија Интер и официјално го тргна Јувентус од тронот на Серија А и ја освои 19-та шампионска титула во историјата и прва од 2010-та година.
Нигериецот Симеон Точукву Нванкво - Сими и Бразилецот Жуниор Месиас се тандем со неверојатна животна приказна. Судбината ги споила во Кротоне каде ја заинтригираа европската фудбалска јавност. Даваат голови, асистираат и сакаат да останат во Серија А. А тргнале од 0.
Голем дел од претседателите на европските гиганти се „мала маца“ за некогашниот сопственик на Милан кој жареше и палеше ширум Европа. Кога тој смислувал идеја како да се офајди од УЕФА, другиве уште започнувале скромни бизниси.
Еден од 12-те клубови кои решија да се одметнат и да прават своја богата Суперлига, лондонски Тотенхем претпладнево решил да му врачи отказ на Жозе Мурињо, наводно поради тоа што им се спротивставил.
Како ретко кој, Германецот Госенс искрено се отвори за еден момент од теренот на меч против Јувентус во Копа Италија. Јавноста се заинтересира, а соиграчите му дадоа убаво спакуван поклон.
Вечерва актуелниот европски првак Баерн Минхен и англиски Челси станаа уште два патници во четвртфиналето на Лига на шампиони откако и во реванш дуелите ги совладаа Лацио и Атлетико Мадрид.
Да, вечерашното нивно соочување во Лига Европа ни ги враќа спомените кога се сретнаа во Лига на шампиони, а реално таму и повеќе ги личи. Колку силна и неизвесна битка беше тоа во која Ферги немаше лек за големиот Милан кој потоа го крена пехарот.
Репрезентативниот голман на Костарика има мошне интересно минато. Има 34 години и веќе неколку сезони брани на највисоко ниво, прво за Реал Мадрид, па за ПСЖ. Синоќа по петти пат во кариера Меси му шутираше пенал и првпат му одбрани.
Пари Сен Жермен и Барселона одиграа 1-1 во реваншот од 1/8 финале на Лига на шампиони па францускиот шампион отиде во следна рунда со вкупен резулта 5:2.
Навивачите на Милан се прашуваа како настапот на дури 5 фестивалски вечери ќе се одрази на игрите на Ибрахимовиќ во црвено-црниот дрес во остатокот од сезоната, но попладнево клубот објави дека тој поради повреда можеби ќе пропушти 3 меча: Јунајтед, Верона и Удинезе.
Сопственикот на Челси, рускиот магнат Роман Абрамович наскоро ќе заплови со нов дворец на вода каков што досега не е виден во светските води. На некои од неговите претходни јахти летувале само Лампард, Дрогба, Тери и Шевченко. Џон и Френки раскажале за рајот кој го проживеале таму.
Во контекст на вечерашното нивно соочување, ќе ви раскажеме еден дуел кој се одигра пред 100.000 луѓе на Маракана. Магла, пенали, поништен гол, црвен картон, преигрување, судијата виден со женска и луѓе од Звезда, сага за Гулит, страв за Донадони. Епска сторија.
Пред магичниот Килијан Мбапе, само двајца фудбалери во историјата успеале да постигнат дури три гола против Барса во Лига на шампиони. Интересно и двајцата стигнаа до тоа во 1997-ма.
Просто неверојатно звучи фактот дека тимот на Гвардиола на 20 натпревари по ред не знае за пораз и покрај тоа што игра на 4 фронта каде се судри и со многу сериозни ривали. Оваа триумфална серија тешко некој да ја достигне во догледно време.
Со фантастични 97 погодоци, Горан Пандев е прв на листата стрелци во Серија А меѓу балканските фудбалери. Зад него се Мирко Вучиниќ, Јосип Иличиќ, Един Џеко и Деки Станковиќ. Словенецот искоментира дека ќе го стигнел Пандев наскоро.
Германецот добил договор до лето 2022 со можност да се продолжи на уште една плус година. Тухел има задача да ги разбуди преплатените ѕвезди на Челси, а ако грми ко на времето во Мајнц, ќе има надеж.