Со триумфот против Ливерпул минатата недела, Манчестер Сити израмни два рекорди по број на победи по ред (14 во сите натпреварувања) - Престон од 1891/1892 и Арсенал од 1987/1988.
Синоќа „граѓаните“ играа против Свонси во ФА Купот и славеа со 1:3 за 15-та победа по ред од ноември лани!
Сити за 15 победи во серија постигна 40 гола и примил само 5. На дури 10 меча момците на Гвардиола ја сочувале својата мрежа. Неверојатната серија почна од 19 декември кога Сити со 0-1 го победи Саутемптон во Премиер лигата.
Потоа следуваа победи над: Арсенал (4-1 во Лига Куп), Њукасл (2-0 во Премиер), Челси (3-1 во Премиер), Манчестер Јунајтед (2-0 во Лига Куп), Бирмингем (3-0 во ФА Куп), Брајтон (1-0 во Премиер), Кристал Палас (4-0 во Премиер лига), Астон Вила (2-0 во Премиер), Челтенам (3-1 во ФА Куп), Вест Бром (5-0 во Премиер), Шефилд Јунајтед (1-0 во Премиер), Барнли (2-0 во Премиер), Ливерпул (4-1 во Премиер), Свонси (3-1 во ФА Куп).
„Знам дека ги урнавме рекордите на Престон и Арсенал, сега ние го држиме рекордот. И овој рекорд некој ќе го урне, зошто таков е спортот“, изјавил Гвардиола после триумфот над Свонси.
А Сити нема пораз веќе 22 меча во сите натпреварувања, уште од ноемврискиот пораз од Тотенхем 2:0.
Интересно, гигантот од Манчестер во 2017-та имала 20 победи по ред во сите натпреварувања, но во таа серија имало и триумф на пенали по реми со Вулверхемптон во Купот (не е јасно дали и таа се смета за тн. целосна победа во серијата).
Пеп Гвардиола ја оствари и јубилејната 200. победа како тренер на Сити. Му требале 268 меча за тоа. Под негово водство екипата постигнала страшни 659 погодоци!
Што е уште поинтригантно, Пеп на повеќето натпревари во овој победнички марш беше без Кевин Де Брујне и Серхио Агуеро, веќе неколку сезони негови најдобри фудбалери.
Пред Сити е тешка серија натпревари: ги чекаат Тотенхем (Мурињо последен го победи Пеп во ноември лани), Евертон, Арсенал и Гладбах во Лига на шампиони.
Што мислите? Ќе продолжи ли неверојатната серија?