Светски познатиот фестивал во Сан Ремо е најголем музички настан во Италија. На овој спектакл секоја година се бираат најдобрите нови италијански песни. Лани фестивалот го гледале повеќе од 50 милиони гледачи што бил апсолутен рекорд за убавата земја.
Учеството, појавата на Сан Ремо е престижно. Секоја година видни личности се во првите редови, а неретко и на сцена. Годинава покана доби Златан Ибрахимовиќ а пред него фудбалери кои се појавиле на сцена биле Алесандо Дел Пјеро, Франческо Тоти и Роберто Баџо.
Но никој од нив никогаш не го направил тоа што е спремно за Златан. Ибрахимовиќ на сцена ќе биде сите 5 вечери од фестивалот. Тајна се неговите настапи но италијанските медиуми откриле една точка: ќе пее во дует една вечер со Синиша Михајловиќ.
„Најлошо од сè во животот правам две работи: не знам да пеам и да играм. Златан исто пее ужасно. На крај од краиштата луѓето бар ќе се смеат“, рекол тренерот на Болоња Синиша Михајловиќ.
Но сега во Италија се пишува и за тоа што го чека Ибрахимовиќ како активен учесник на фестивалот и секако, професионален фудбалер, шпиц во Милан. Во клубот знаеле дека тој уште од минатото лето има договор за настап на Сан Ремо, па сега му разработиле личен тренинг програм.
Ибра за една недела ќе вози преку 1.000 километри за да стигне секаде на време.
La Gazetta Dello Sport ја пиша агендата на Златан:
28 февруари - дерби со Рома
1 март - тренинг во Миланело
2 март - патување во Сан Ремо со кола (270 км од Милано), тренинг на брегот таму, прва фестивалска вечер
3 март - пат назад во Милано со кола (270 км), собир со екипата, меч со Удинезе во Серија А
4 март - тренинг во Милано, пат во Сан Ремо со кола (270 км), трета фестивалска вечер
5 март - тренинг на брегот во Сан Ремо, четврта фестивалска вечер
6 март - тренинг на брегот во Сан Ремо, петта фестивалска вечер
7 март - пат во Верона со авион (352 километри) за меч со истоимениот клуб во Серија А.
Некои извори пренесоа дека Ибрахимовиќ од Милано во Сан Ремо ќе патува со приватен авион а не со автомобил.
Нејасно е како ваквиот прегуст календар во секојдневнието на Ибрахимовиќ ќе делува на неговите настапи за Милан кој во последните пар недели го изгуби првото место во Серија А од Интер и за малку ќе испаднеше од Лига Европа од Црвена Звезда.
„Он просто сакаше да оди на Сан Ремо. Но он е сериозен професионалец, треба сериозно да се посвети на тренинзите. Според мене тука има противречности. Он е врзан со договор со клубот, таму зема пари. Да сум јас на место на Милан би му забранил на Златан (да оди на фестивал)“, рекол Фабио Капело, трофеен тренер на Милан, Рома и Јувентус и селектор на Англија и Русија.
Но од друга страна организаторите на фестивалот Сан Ремо решиле да му платат на Златан по 50.000 евра од вечер и заедно со парите од спонзори (тоа е најголем дел на приходите) тој ќе земе околу 1 милион евра.
Едит:
Во меѓувреме Милан соопшти дека Златан Ибрахимовиќ поради истегнување мускул на левата нога, ќе отсуствува 10-ина дена и скоро сигурно ќе ги пропушти натпреварите со Удинезе и Верона во Серија А, како и првиот дуел од 1/8 финале на Лига Европа со Манчестер Јунајтед.