Маестралниот тренер на Челси кој работел како шанкер знаеше како да прослави титула

Германецот Томас Тухел седна на клупата на Челси пред четири месеци. Од пропаднатиот скапоцен тим кој дремеше на 10. место во Премиер лига, направи екипиште и ја освои Лигата на шампиони, само 10 месеци откако играше финале со ПСЖ во Лисабон.

Томас Тухел има интересна биографија за која пишувавме тука. Тој на времето бил професионален фудбалер но поради разни повреди пред време ја завршил кариерата и во беспарица морал да бара нова работа.

Пред големото финале на Лига на шампиони кое Челси го доби против Манчестер Сити, Томас Тухел изјавил за The Telegraph:

„Ќе се опијанам сигурно зошто лесно ме фаќа, два џин тоници и тоа е тоа. Ама после може да земам и трет и четврт и пак да се чувствувам нормално па после петтата пак да ме опие и така. Не, ќе се забавуваме, многу ќе се забавуваме сигурно. Сакам кога другите се среќни.

Можеби не сум човек кој се качува по маси, но ќе бидам пресреќен да ја прославам победата со тимот, со стручниот штаб, со семејството, знам колку многу им значи на моите роднини, на баба ми. Тоа е многу важно за мене и сигурен сум дека цела ноќ нема да пијам само газирана вода“, се насмеал Тухел.

Еве како им улета на играчите во соблекувална по историската победа:

Тухел на 25 години морал да ја прекине кариерата поради чести повреди. Останал без пари и со нарушено здравје.

„Немав осигурителна полиса во случај на повреда па сите пари ги потрошив на рехабилитација“, се сеќава новиот европски шампион.

Студирал економија на универзитет и се вработил во бар за да заработува. Интересно во младоста избегнувал да пие алкохол. Еден негов соиграч од Аугзбург од времето, Али Ханоглу раскажал дека уште на 18 години Тухел му бил десна рака на тренерот а по триумфот во финалето на Купот 1992-ра Томас не се напил ни капка алкохол.

Не му било лесно да најде нормална работа.

„Мораш да ја спуштиш гордоста и да влезеш во 10-12 бара и да се предложиш себеси: „Јас со задоволство би помогнал ако ви треба некаква помош“. Сега може лесно да се сеќавам и смеам на тоа, ама тогаш беше стварно тешко да се направи првиот чекор“.

Се вработил во Radio Bar, голем бар во самиот центар на Штутгарт.

„Прво беше тешко да се работи во областа на услуги, но се справив со стресот и сфатив: во мене гледаат работник во бар а не несреќен фудбалер“, признал Тухел еднаш во интервју за Zeit.

Го пуштиле да работи на шанк дури откако поминал две години во позадина.

Денес му е мило кога се присеќа на тоа време.

„Најдов нови другари, имаше многу добри работи. Одеднаш се чувствував самоуверен, сигурен во себе, сфатив дека луѓето ме сакаат таков каков што сум. Тоа беше совршено друг начин на живот, добар живот кој ме научи драгоцени лекции“.

После неколку години Ралф Рањик (му бил тренер на Тухел во Улм) го викнал Томас во Штутгарт за да ја води екипата на деца до 15 години. А таму Тухел ги начекал и тренирал Сами Кедира, Марио Гомез, Андреас Бек, Сердар Ташчи, Холгер Бадштубер и други.

Од тој момент во неговиот живот е присутен само фудбалот. Тухел водеше врвни екипи, секаде освојуваше вредни трофеи, а на 29 мај 2021 година го освои најдрагоцениот пехар во кариерата: освои Лига на шампиони со Челси.

ЧЕЛСИ Е ШАМПИОН НА ЕВРОПА, ГРАНДИОЗНО ФИНАЛЕ НА ЛИГА НА ШАМПИОНИ