Шалке ја игра можеби најлошата сезона во Бундеслигата и клубот е во распад. Но и во таква ситуација, нивен најдобар играч беше Озан Кабак кој според transfermarkt вреди околу 25 милиони евра.
Младиот Турчин сезонава играше речиси без престан, добил дури 77% од воздушните дуели што е подобар учинок дури и од ланскиот на Ван Дајк. Кабак на Клоп му го препорачал некогашниот тренер на Шалке, Давид Вагнер.
„Давид зборуваше само прекрасни работи за него. Кажа дека Озан е иден капитен и силна личност. Сега би можел да игра во кој било клуб во Турција но одбрал фудбалски развој и прво преминал во Штутгарт па во Шалке. Тоа е сериозен чекор на така рана возраст“, изјавил Клоп после потписот на Кабак.
УЧЕЛ ВО ЕДНО ОД НАЈДОБРИТЕ ШКОЛИ ВО ТУРИЈА
Кариерата на Озан Кабак би можела воопшто да не стигне до Енфилд. Тој играл напаѓач во младинските категории на Силивриспор каде неколку пати доаѓале скаутите на Галатасарај да го гледаат талентираниот Кабак.
Прв кој ја приметил неговата дарба бил раководителот на академијата, Недим Јигиту.
Но за премин во Галатасарај имало пречки.
„Татко му на Озан работеше како државен службеник во Текридаг, град на 146 километри од Истанбул. Он прво ни кажа дека не може секој ден да го вози син му до Истанбул за тренинзи. А ние му одговоривме: „Донесете го макар еднаш на 15 дена, ама задолжително“.
Така Озан Кабак доаѓал на 15-ина дена на тренинг во Истанбул каде набрзо останал во интернатот на академијата. Играл напаѓач, па го префрлиле на десен бек за подоцна од него да направат стабилен стопер кој многу знае со топка.
Во меѓувреме на родителите на Озан Кабак им било важно тој да заврши на добро училиште. Затоа Галатасарај им предложил, малиот Озан да учи во елитна школа близу базата на клубот. Но семејството одбило и малиот го запишале во една од најдобрите школи во Истанбул „Јасан Акар“.
Тој завршил таму со високи оценки и добро поведение. Откако веќе стана светски познат фудбалер, се вратил после 2 години да ја посети школата и се фотографирал со наставниците.
Во сезоната 2018/2019, Озан Кабак бил префрлен во првиот тим на Галатасарај, но веќе истата зима го продале во германски Штутгарт за астрономски 11 милиони евра за така млад играч.
Следниот ден Недим Јигит дал оставка на местото технички директор во академијата на истанбулскиот трофеен клуб.
„Дента кога отиде во Штутгарт веќе знаевме дека многу брзо ќе дорасне на ниво на Баерн или Борусија. Кабак секогаш беше играч со големо фудбалско IQ. Лесно сфаќа што го учат и брзо се адаптира“, вели Недим Јигит.
Од летото 2019-та Јигит е задолжен за подготовка на младите фудбалери во Истанбул Башакшехир. А Озан Кабак за пола година во Штутгарт ја кренал вредноста на уште 4 милиони евра и заминал во Шалке.
ГОЛЕМ ЉУБИТЕЛ Е НА ИГРАТА НА ВАН ДАЈК, ДУРИ ДОМА НА ЅИД ИМАЛ ПОТПИШАН ДРЕС ОД НЕГО
Уште како играч на Галатасарај, Озан Кабак се сликал со дрес на Ван Дајк, личен подарок од Вирџил со негов потипс. Интересно, Кабак раскажал дека дресот му го дал Омер Бајрам, фудбалер на Галатасарај кој бил роден во Холандија.
„Му кажав на Омер дека му се восхитувам на Ван Дајк и многу го сакам како играч. Тогаш Бајрам ми кажа дека со Вирџил се другари од детство и за неколку дена ми прати дрес со потпис од Ван Дајк. Не можев да поверувам! Веднаш го закачив на ѕид“.