Се што имате од обврски и планови за викендов направете ги во сабота, бидејќи ден потоа следува можеби најфудбалски ден во годината во кој имаме за уживање две дербија во Англија и по едно во Шпанија, Италија, Германија, Франција и Холандија.
Диего Симеоне првпат загуби натпревар во Лигата на шампионите на домашен терен. Манчестер Јунајтед го совлада тврдиот Волфсбург, а победи славеа уште и ПСЖ, ЦСКА Москва, Реал Мадрид, Јувентус и Манчестер Сити.
Во понеделник (05.10.2015) во 19 часот во малата сала на СЦ „Борис Трајковски" официјално започнува новата сезона на Телеком Бизнис Лигата на Македонија. По шести пат кај нас, Бизнис Лигата на Македонија ќе биде место каде ќе се соберат вработените од најуспешните компании во земјава за да да си ги одмерат силите во мал фудбал.
Поразите на Арсенал и Челси синоќа во Лигата на шампионите беа уште еден срам за англиската елита која на шест натпревари во Европа доживеа пет порази и не го оправда епитот најсилна лига на континентот.
Два незаборавни моменти кои се имаат случено на денешен ден, а се од поновата историја на англискиот фудбал не се испуштање. Првиот е највисокиот резултатот во историјата на Премиер лигата кој се случи на средбата Портсмут - Ридинг и пресвртот на Манчестер Јунајтед против Тотенхем по негатива од 0:3.
По одличното отворање на европската сезона, ракометарите на Вардар во недела во второто коло од групата Б во Лигата на шампионите го пречекуваат унгарскиот вицепрвак ПИК Сегед кој во првото коло го изненади полскиот Кјелце.
По поразот од Мотор Запорожје на гости, тимот од Автокоманда ги стартува настапите во Лигата на шампионите во „Борис Трајковски“. Прв им гостува Кадетен Шафхаузен.
На четири натпревари даде четири гола што беше доволно навивачите на Манчестер Јунајтед да имаат нов миленик. По начинот на игра личи на Тиери Анри, а на 4 меча за Јунајтед даде исто голови колку Фалкао лани на 29.
Македонскиот шампион успешно го почна патот за Келн во новата сезона од најквалитетното клупско ракометно натпреварување. Монпеље го засени Вардар во прво полувреме, но во второ доби лекција по ракомет и загуби со пет гола разлика.
Ракометарите на Металург со пораз ја почнаа новата сезона во Лигата на шампионите. Целосно изменетиот состав на тимот од Автокоманда ќе има многу тешкотии за да биде блиску до она ниво во Европа на која сме навикнати да го гледаме.
Јувентус го совлада Манчестер Сити 1-2 на гостински терен и направи големо изненадување во првото коло од ЛШ. Реал убедлив против Шахтјор, Јунајтед поразен во Ајндховен, лесни победи на ПСЖ и Севиља.
Кит Калвин беше уапсен за времето на дербито на Олд Трафорд во 2013-та за наводно напаѓање на полициски службеник, но се испостави дека тоа не е точно.
Манчестер Сити летово на само троица играчи, Рахим Стерлинг, Николас Отаменди и Кевин де Брујне потроши неверојатни 182 милиони евра, по што Премиерлигашите ги направија првите седум најскапи трансфери летово.
Бастијан Шванштајгер и Радамел Фалкао се двете најзвучни имиња кои ја засилија Премиер лигата. Челси и Манчестер Сити, а можеби и Јунајтед ќе го имаат главниот збор сезонава, додека кај Арсенал секогаш постои желба за титула. Најмалку пари штедеше Ливерпул.
Интервјуто е пред 12 години, кога Кристијано Роналдо пристигна на Олд Трафорд и не стоеше така добро со англискиот. Во одговорот не успеа да му помогне ниту Гери Невил. По 12 години работите се многу поинакви за него.
Откако Рома одби неверојатни 25 милиони евра од Милан за младиот стопер Алесио Ромањоли (21), тренерот на Росонерите Михајловиќ изјави дека не може јагоди да вредат колку остриги. Дали навистина е така?
Тимот на Ван Гал сезоната ја заврши на четвртото место во Премиер лига, а со тоа обезбеди пласман во квалификациите за Лига на шампиони. Менаџерот на Јунајтед почна активно да работи на трансфер пазарот, но го одбија неколку звучни имиња.
Во 1979-та година Ливерпул потпиша едногодишен договор со Хитачи вреден 50.000 фунти, а Манчестер Јунајтед минатата година договори спонзорство со Шевролет за неверојатни 47 милиони фунти.
Капитенот на македонската ракометна репрезентација стигна до најпосакуваниот и единствениот трофеј кој му фалеше во блескавата кариера, а тоа е Лигата на шампионите. Барселона го победи Веспрем и ја освои деветтата титула европски првак.
Ракометарките на Вардар и втора година по ред не успеаа да се пласираат во финалето на Лигата на шампионите. Во таа намера ги спречи црногорскиот претставник Будуќност кој како и лани ги надигра црвено-црните во секој сегмент. Скопјанки за бронзата ќе се борат со Динамо Синара.