На ракометарите на Мотор Запорожје и Металург им требаше повеќе време да се загреат и за да им тргне во напад. Во првите 12 минути од натпреварот тие постигнаа само три голови од кои два беа во мрежата на Металурзите.
Божовиќ од пенал го израмни резултатот, но потоа домаќините се разиграа и за нешто повеќе од две минути направија серија од 3:0, за предност од 5:2.
Мотор ја одржуваше предноста од три до четири голови, а на четири минути до крајот имаа 11:6. Јанко Божовиќ кој со своите 30 години е највозрасен поединец во Металург го одржуваше во живот својот тим.
По неговиот втор погодок на мечот, првиот гол го постигна десното крило Никола Костески, а шансата за серија од 3:0 ја испушти Филип Талески кој направи престап во контра нападот. Украинците на пауза заминаа со предност од 13:9.
Во вториот дел одбраната на Металург попушти, а домаќините тоа го искористија и ја зголемуваа предноста. Најмногу се одлепија во 46 минута од мечот кога прв пат имаа +9. Металурзите немаа шанса за изненадување против фаворитот на овој натпревар и успеаа во самиот финиш набрзина да се изборат за пристоен пораз од 30:24.
Подмладениот Металург е далеку од класата на оној силен тим кој го гледавме до минатата сезона и кој успеа да стигне до историското четвртфинале во ЛШ. Лино Червар и раководството на клубот ќе имаат многу работа за оваа екипа да ја вратат да биде конкурентна во најелитното клупско европско натпреварување.
Најпрецизен кај Металург беше Божовиќ со 10 погодоци, а Матиќ постигна 5.
Вториот меч во Лига на шампиони Металруг го игра идната сабота на домашен терен против Кадетен Шафхаузе